Регионални извори

Кој е кој, Избори

Гондолеза Рајс

Советник за Безбедност на САД

(Њујорк Тајмс; Станфорд Онлајн Рипорт; АБЦ Њус.цом-Профил:Гондолиза Рајс; Хувер Институт)
photo

Гондолиза Рајс, 46, Советник за безбедност на председателот Џорџ Буш, е познат и почитуван експерт за Руски и Источно Европски прашања, чие последно работно место е професор по политички науки и декан на универзитетот Стенфорд.

Рајс е родена на 14 ноември 1954 година во сегрегационен крај на Бирминген, во американската држава Алабама како единствено дете на двајца педагози. Нејзиниот татко, свештеникот Џон Рајс ја води Вестминстерската Пресбитерианска црква што ја оформил нејзиниот дедо. Нејзната мајка, Анџела Реј, работи како наставник во Афро-Американско средно училиште во Бирминген. Рајс се покажува како исклучително добар ученик. Се запишува во осмо одделение со само 11 години. За само две години ги завшува и последната година од средното училиште и првата година од колеџот.

Во 1974 година на 19 години се здобива со диплома од втор степен (Фи Бета Капа) во политички науки на универзитетот во Денвер. Нејзиниот ментор Џозеф Корбел, татко на бившиот државен секретар Медлин Олбрајт ја инспирира да ги напушти нејзините аспирации да стане концертен пијанист и наместо тоа да продолжи со специјализација на предметот Советскиот Сојуз и Источна Европа."Русија ме спаси од музиката како главен предмет", ќе изјави Рајс во едно интервју.

Рајс магистрира на универзитетот Нотр Дам во 1975 а докторира на универзитетот во Денвер во 1981 година. По дипломирањето таа се вклучува на факултетот за политички науки во Станфорд каде работи како асистент на Програмата за контрола на вооружување и разоружување. Пет години подоцна таа заминува за Вашингтон добивајки стипендија од Советот за надворешни односи, за работа на програмата за стратегиски нуклеарни планирања во Здружениот Генералштаб на американската војска, кој го раководи адмиралот Вилијам Кроу. Се враќа во Вашингтон по вторпат 1989 година да работи за Брент Скаукрофт во Советот за национална безбедност како директор за проблеми кои се однесуваа на Советскиот Сојуз и источна Европа. За време на претседателот Џорџ Буш таа е исто така назначена за специјален советник на председателот за прашања од национална безбедност, и за висок директор за Советски прашања во Советот за национална безбедност. Од оваа функција таа помага да се донесат демократски реформи во Полска и игра клучна улога во формацијата на голем дел од Бушовата административна политика со бившиот Советски Сојуз.

Во 1993 Рајс, која многу сака спорт, станува најмладата, прва жена и прв декан на универзитетот во Стенфорд кој не е белец. Еден бивш колега од Стенфорд ќе ја нарекува"челична магнолија". Коит Блаклер, сега заменик директор на Институтот за Меѓународни Студии во Стенфорд, изјавува дека Рајс "има прекрасен вид на јужњачко влијание во позитивна смисла, некој вид на грациозност. Но во комбинација со тоа е една многу цврста личност. Таа секогаш знае што сака и е крајно дисциплинирана, и на лично и на професионално ниво.

Кој е кој

Рен, Oли

27/01/2005

Архива