Регионални извори

Кој е кој, Избори

Степан Месиќ

Председател на Република Хрватска

(Официјална Веб станица на Хрватскиот Председател, ББЦ)
photo

Степан Месиќ, често нарекуван Стипе Месиќ е избран за председател на Република Хрватска на 7 февруари 2000, наследувајки го Фрањо Туѓман, чија смрт ги убрзува изборите. Месиќ, про-европски и про-НАТО центрист тогаш ветува дека неговото владеење ќе биде во спротивност на автократското и националистичко владеење на неговиот претходник.

Месиќ е роден на 24 декември 1934 година во градот Ораховица. Дипломира право на универзитетот во Загреб 1961 година, каде се истакнува како студентски водач.

Тој ја започнува својата политичка кариера како пратеник во парламентот на Социјалистичка Република Хрватска. Во раните седумдесети, за време на владеењето на Јосип Броз Тито во Југославија, Месиќ поминува една година во затвор заради промовирање на хрватски нациоанализам.

Во раните деведесетти се вклучува во партијата на Фрањо Туѓман, Хрватска Демократска Заедница (ХДЗ) и набрзо станува нејзин секретар и подоцна председател на Извршниот Комитет на ХДЗ.

На првите повеќепартиски избори во 1990, ХДЗ доаѓа на власт и Месиќ е назначен за Премиер на Хрватска. Со одлука на Хрватскиот парламент, тој станува претставник на Хрватска во Југословенското председателство се до распаѓањето на Федерацијата во декември 1991. Стипе Месиќ ќе се памети во историјата како последен председател на бивша Југославија.

Во 1992, Месиќ е избран за председател на независниот хрватски парламент. Тој е отстранет од таа функција во 1994 после напуштањето на ХДЗ за да формира нова партија -- Независна Хрватска Демократија (НХД). Овој негов чекор е последица на незадоволството од ХДЗ и недемократските манири на Туѓман, особено неговото политичко мешање во Босна и Херцеговина.

Во 1997 година, НДЗ се распаѓа и Месиќ и се придружува на Хрватската Народна Партија. Станува извршен подпредседател на партијата, но ја напушта откако е избран за Председател, изјавувајки дека сака да им биде председател на сите Хрвати.

Кој е кој

Рен, Oли

27/01/2005

Архива