![]() |
Валентин Инцко стана Висок претставник во Босна и Херцеговина (БиХ) и специјален претставник на ЕУ во БиХ на 26-ти март 2009-та година.
Инцко го наследи Мирослав Лајчак на овие две функции, откако Лајчак беше поставен за министер за надворешни работи на Словачка. Инцко е седмиот висок претставник во БиХ од воведувањето на оваа функција во 1996-та според Дејтонскиот мировен договр.
Инцко е роден во 1949-та година во Клагенфурт, Австрија. Завршил словенечко средно образование во Клагенфурт и студирал право, српско-хрватски и руски јазик на Универизитетот во Грац, каде докторирал правни науки во 1972-та година. Инцко, исто така, дипломирал на Виенската Дипломатска Академија во 1974-та година.
По неговото дипломирање, Инцко станува земеник-директор на мисиите на Програмата за развој на ОН (УНДП) во Улан Батор, Монголија (1974-1978) и во Коломбо, Шри Ланка (1978-1980).
Во 1981-та година, Инцко се приклучува кон одделот на австриското министерство за Средна, Источна и Јужна Европа, Средна Азија и Јужен Кавказ во период од една година. Потоа работел како аташе за новинарство и култура во австриската амбасада во Белград од 1982-та до 1986-та година и работел за австриската мисија во ОН се до 1989-та година. Истата година, Инцко бил назначен за заменик-директор на одделот за новинарство и информации на австриското министерство за надворешни работи, каде работи до 1990-та година.
Инцко потоа работи за културниот совет на австриската амбасада во Прага до 1996-та година. За време на неговиот престој во Република Чешка, тој истовремено е шеф на мисијата на ОБСЕ во Новопазарски Санџак во Србија до крајот на 1993-та година и станува директор на Австрискиот културен институт во Прага.
Во 1996-та година, Инцко е назначен за амбасадор на Австрија во БиХ се до 1999-та година кога станува шеф на одделот на австриското министерство за надворешни работи за Средна, Источна и Јужна Европа, Средна Азија и Јужен Кавказ.
Инцко беше назначен за австриски амбасадор во Словенија во јануари 2005-та година. Тој се уште беше на оваа функција во февруари 2009-та година, кога беше избран да го наследи Лајчак на функциите висок претставник и претставник на ЕУ (ЕУСР) во БиХ.
Раководниот одбор на Советот за имплементација на мирот го назначи Инцко за висок претставник за време на состанокот во Сараево на 13-ти март 2009-та година. Советот за безбедност на ОН едногласно го одобри назначувањето на Инцко на 25-ти март, без да го прецизира крајниот датум на неговиот мандат.
На 26-ти март, Инцко ја презеде функцијата висок претставник и вети дека ќе и помогне на Босна и Херцеговина да постигне напредок на патот кон евроинтеграција и со тоа што ќе им вдахне нова сила на реформите потребни за влез во ЕУ.
За време на мандатот на Кристијан Шварц-Шилинг од Германија (2006-та до средина на 2007-та година), канцеларијата на високиот претставник (ОХР) требаше да биде затворена. Но, со влошувањето на политичката ситуација во БиХ по општите избори во октомври 2006-та година, меѓународната заедница ги одложи своите планови со промена на ОХР во ЕУСР.
Инцко е оженет и има две деца.