Регионални извори

Кој е кој, Избори

Бригаден генерал Гери Е. Хафман

Командант на Штабот на НАТО во Сараево

(Emg.rs - 18/06/11; NATO Headquarters Sarajevo; Atlantic Initiative)
photo

Американскиот бригаден генерал Гери Хафман на Националната гарда на Мисисипи ја презеде командата на Штабот на НАТО во Сараево од американскиот бригаден генерал Дејвид Ењарт за време на церемонијата во кампот Бутмир на 15-ти јуни 2011-та година.

Роден во малото рурално гратче Хјустон, Мисисипи, Хафман дипломирал на отсекот земјоделска економија на Државниот универзитет во Мисисипи во 1973-та година. Магистрирал деловна администрација на Универзитетот Туро Интернешнал (2003-та година), како и стратешки студии на Американскиот воен колеџ (2008-та година).

По завршувањето колеџ во 1973-та година, Хафман имал успешна кариера во приватниот и јавниот сектор како партнер во семејната фарма за добиток и земјоделски култури, како и во американската Поштенска служба.

Во 1982-та година, Хафман регрутира во Армијата на САД. По шест-месечна служба како теренски офицер за артилериски планови во 155-та Одделна оклопна бригада, во февруари 1996-та година Хафман бил префрлен во Центарот за тактички операции на Првата коњаничка дивизија. Во септември 1996-та година, тој повторно се приклучува на 155-та Одделна оклопна бригада, последователно служејќи како офицер за огнена поддршка, офицер за воздушни операции и офицер за операции.

Во јануари 2009-та година, Хафман оди во Ирак по втор пат, со Борбениот тим на 155-та бригада. Тој служи како командат на заштитниот одред на бригадата до нејзиното враќање во април 2010-та година, а потоа како нејзин заменик-командант до неговиот избор како командант на штабот на НАТО во Сараево почнувајќи од 1-ви јуни 2011-та година.

Преземајќи ги неговите нови обврски од Ењарт за време на официјалната церемонија за промена на командата во кампот Бутмир, Хафман изрази уверување дека балканските земји „се наоѓаат пред сигурна и стабилна иднина“.

Хафман е оженет и има две возрасни деца.

Кој е кој

Архива

Рен, Oли

27/01/2005