Регионални извори

Кој е кој, Избори

Nikola Gruevski

премиер на Македонија

(ББС-и - 29/08/06; Макфакс - 25/08/06; АП, Макфакс - 15/08/06; Официјална веб-страница на македонската влада; Википедиа; СЕЕ Онлајн)
photo

Никола Груевски. [Getty Images]

Македонскиот премиер Никола Груевски ја презеде функцијата на 26 август 2006-та година, откако неговата десно ориентирана партија ВМРО-ДПМНЕ победи на парламентарните избори одржани на почетокот од јули.

Груевски е роден на31 август 1970-та година во Скопје. Дипломирал економија на Факултетот за економија во Прилеп во 1994-та година, а подоцна завршува курс на Институтот за хартии од вредност во Лондон. Неговата професионална кариера ја започнува во 1995-та година, кога почнува да работи во Балканска Банка во Скопје. Подоцна станува шеф на одделот за ликвидни средства во оваа финансиска институција.

Во декември 1999-та година, Груевски беше назначен за министер за финансии во владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Љубчо Георгиевски. Меѓу неговите постигања за време на тригодишниот мандат се вбројуваат воведувањето на ДДВ и имплементацијата на финансиските реформи, вклучувајќи ги и мерките против затајувањето на данок.

Груевски е член на АФП - Асоцијацијата за финансиски пазар, како и на македонскиот ФОРЕКС КЛУБ.

По поразот на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори во септември 2002-та година од Социјал Демократскиот Сојуз на Македонија, следеа месеци на политички расправии внатре во партијата. Груевски се појави како нов лидер, заменувајќи го Георгиевски во мај 2003-та година.

По речиси четири години во опозиција, ВМРО-ДПМНЕ и неговите партнери во коалицијата За подобра Македонија победија на парламентарните избори одржани на 5 јули 2006-та година, освојувајќи 44 пратенички места од вкупно 120. После неколку недели консултации, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ формираше коалициона влада, вклучувајќи и претставници на уште четири други партии – Демократската Партија на Албанците (ДПА), Новата Социјал Демократска Партија (НСДП), Социјалистичката партија (СП) и Либералната Партија (ЛП).

Главен приоритет на владата е заживување на економијата“, рече Груевски на 15 август окако го достави до собранието предлогот за формирање на неговиот кабинет. „Оав ќе биде долго, тешко и мачно патување, но имаме тим на способни и чесни луѓе кои ќе го дадат својот максимум“.

Меѓу другите приоритети беше истакнато забрзувањето на процесот на Евро-Атлантска интеграција, како и борбата против невработеноста и сиромаштијата. Груевски, исто така, вети поголеми напори во борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Груевски зборува англиски јазик и има одредено познавање на францускиот и германскиот јазик. Груевски е оженет.

Кој е кој

Рен, Oли

27/01/2005

Архива