Регионални извори

Кој е кој, Избори

Михаи Гимпу

Моментно претседател на Молдавија

(RFE/RL -- 28/07/09 - 28/09/10; EurActiv - 06/09/10, 11/09/09; BBC; Офиијална веб-страница на претседателството на Молдавија)
photo

Само две недели откако беше избран за претседател на парламентот, лидерот на Либералната партија (ЛП) Михаи Гимпу стана, исто така, в.д. претседател на Молдавија на 11 септември 2009-та година. Тој го наследи Владимир Воронин, кој поднесе оставка на истиот ден по осум годишен мандат како претседател, наведувајќи го поразот на неговата Комунистичка партија (КПРМ) на предвремените општи избори одржани на 29 јули.

Роден на 19 ноември 1951-та година, во селото Колонита, источно од Кишињев, Гимпу дипломирал на Правниот факултет на Државниот универзитет во Молдавија во 1978-та година.

До 1990-та година, тој работел на различни места, меѓу кои како шеф на правниот оддел на различни државни претпријатија во Кишињев и како судија во основен суд во главниот град.

Во меѓувреме, тој стана коосновач и претседател на извршниот комитет на едно демократско движење, наречено Народен фронт на Молдавија, во 1988-та година.

Гимпу беше пратеник во парламентот од 1990-та до 1998-та година. Тој беше дел од делегацијата на парламентот на Парламентарното собрание на Организацијата за Црноморскаа економска соработка од 1993-та до 1994-та година. Во текот на својот втор четиригодишен мандат, тој беше член на молдавската парламентарна делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Во 1993-та година, Гимпустана еден од ко-основачите на Конгресот на интелектуалци и негов заменик претседател и извршен секретар.

Тој помогна во процесот на формирање на ЛП, која ја предводи од 1998-та година.

Гипму беше избран во општинскиот совет Кишињев во 2007-та година и го водеше до 2008-та година.

Владејачката КПРМ победи на парламентарните избори на 5 април 2009-та годинасо силна поддршка од гласачите. Комунистите на Воронин освоија речиси 50 отсто од гласовите, што им право на 60 пратенички места од вкупно 101 во националниот еднодомен парламент. Останатите места беа поделени меѓу три други партии - ЛП на Гимпу, Либерал-демократската партија (ЛДПМ) и сојузот „Наша Молдавија“ (СНМ) - кои, исто така го поминаа прагот од 4 отсто да влезат во собранието. Изборите беа проследени со обвинувања за измама што предизвика насилни протести од страна на младите урбани гласачи кои ги оспоруваа резултатите.

На крајот, комунистите не успеаја да обезбедат 61 глас во парламентот за нивниот кандидат, Зинаида Гречеану да биде избран за претседател и да го наследи Воронин, на кој не му беше дозволено да бара трет последователен мандат.

Како резултат на тоа, собранието беше распуштено во јуни и беа одржани предвремени избори на 29-ти јули 2009-та година, на кои КПРМ освои само 48 пратенички места. Четирите опозициски партии кои добија контрола на преостанатите 53 места - ЛДПМ, ЛП, Демократската партија (ДП) и СНМ - се согласија во август да формираат некомунистичка владина коалиција, наречена Алијанса за европска интеграција (АЕИ).

Често опишуван како еден од "водечките светла" во рамките на про-европскиот блок, Гимпу беше избран за претседател на парламентот на 28 август 2009-та, кога ја објави одлуката на АЕИ претседателската функција да биде дадена на ДП, а премиерската на ЛДПМ.

На почетокот на септември истата година, Гимпу ги отфрли шпекулациите дека тој ќе изврши притисок за обединување на Молдавија и Романија, и покрај неговата лична убеденост дека овие две треба да бидат една земја. Тој рече дека главно ќе се фокусира на напорите за доведување на Молдавија поблиску до ЕУ и во убедувањето на Русија да ги повлече своите сили од сепаратистичкиот Трансднестар регион на неговата земја.

Во согласност со молдавскиот Устав, Гимпу ги презеде должностите на Воронин по неговата оставка на 11 септември 2009-та година. Според законот, претседателот на собранието ја извршува таа функција до изборот на нов претседател.

Меѓутоа, кандидатот на АЕИ, лидерот на ДП Маријан Лупу беше поддржан само од 53 пратеници на владејачката Алијанса во дават круга на гласање во ноември и декември 2009-та година. Комунистите ги бојкотираат и двата круга.

Во обид да стави крај на политичкиот ќор-сокак, про-западната коалиција, тогаш иницира референдум на 5 септември 2010-та година за тоа дали претседателот на Молдавија треба да се избира со народно гласање, наместо од парламентот. Овој потег беше неуспешен поради слабиот одѕив на гласачите.

Кон крајот на септември, Гимпу го распушти собранието, закажувајќи предвремени парламентарни избори за 28 ноември 2010-та година.

Гимпу зборува руски и романски. Тој е оженет.

Кој е кој

Архива

Рен, Oли

27/01/2005