Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Регионални извори

Кој е кој, Избори

генерал-полковник Џузепе Емилио Гај

Командант на КФОР

(AП, AКИ, КФОР - 29/08/08; Силите на НАТО за брзо распоредување)
photo

Италијанскиот генерал-полковник Џузепе Емилио Гај дојде на позицијата командант на КФОР на 29-ти август 2008 година. Тој го наследи францускиот генерал-полковник Ксавиер Бу де Марнак, кој беше на оваа функција кога Косово прогласи независност на 17-ти февруари. Гај е 13-тиот командант на мировните сили предводени од НАТО по нивното распоредување во Косово во јуни 1999 година.

Роден на 13-ти јануари 1950 година во северната италијанска општина Ровередо во Пиано, Гај се стекнал со диплома и магистрирал на стратешки науки на Универзитетот во Турин. Тој, исто така, дипломирал на меѓународни и дипломатски науки на Универзитетот во Трст и завршил постдипломски студии по класични науки на Академија Агостинијана -- Универзитет Латеран во Рим.

За време на својата скоро 40-годишна воена кариера, Гај бил на голем број позиции со голема одговорност. По завршувањето на основните и напредни курсеви на Колеџот на италијанскиот Генералштаб, тој работел во канцеларијата на Североисточната област, Одделот за персонал на Генералштабот, Штабот на Петтата дивизија, Одделот за логистика на Генералштабот и Првите командни сили на одбрана.

Во својата рана кариера, како капетан, Гај командувал со танкерска чета на 13-тиот Танкерски баталјон „М.О.Паскучи“. Претходно, тој бил прв поручник во 182-риот Оклопен полк „Гарибалди“. Тој бил поставен за втор поручник во 1971 година откако ги завршил студиите на Италијанската воена академија во Модена.

Гај дојде на функцијата во Косово откако претходно беше командант на Силите за брзо распоредување на НАТО (НРДЦ) со седиште во Италија, од 4-ти септември 2007 до 26-ти август 2008 година.

Говорејќи на церемонијата на промена на командата во НРДЦ во Солбиате Олона, во близина на Милано, Гај рече дека е „силен поддржувач на мултиетничката средина“ и дека ќе ја преземе својата нова работа како командант на КФОР „со огромна гордост и задоволство“.

Гај стекнал значително меѓународно искуство и преку своите претходни назначувања како командант на Мултинационалните оперативни сили Запад (МНТФ-В) на КФОР во Пеќ од 1999 до 2000 година, а потоа и како заменик-командант на КФОР од 2003 до 2004 година. Тој потоа бил назначен за заменик-командант на Сојузничките сили за брзо респоредување. За време на својата тригодишна служба на таа позиција, тој бил распореден како заменик-командант (стабилност) на ИСАФ ИКС во Кабул во 2006 година.

Меѓу претходните назначувања кои придонесле за командното искуство на Гај се и: командант на италијанскиот Седми тенковски баталјон „М.О. Ди Дио“ во Виваро, командант на Првиот оклопен полк во Теулада и заменик-командант и командант на 132-рата Оклопна бригада „Ариете“ во Порденоне. Додека бил на таа функција тој е распореден во Косово за првпат како шеф на МНТФ-В на КФОР.

Гај е одликуван со голем број ордени, вклучително и Бронзениот медал за храброст на италијанската армија, Медалот од прва класа „Дон Алфонсо Хенрик“ на португалската армија, орденот Златен крст на германската армија и орденот за заслужен офицер Крст со мечови на малтешкиот Суверен воен ред. Тој, исто така, ја добил титулата Командант на италијанскиот републички ред за заслуги и титулата Витез на италијанскиот воен ред.

Гај е четвртиот италијански генерал по Карло Кабигиози (октомври 2000 - април 2001), Фабио Мини (2002-2003) и Џузепе Валото (2005-2006) на позицијата командант на КФОР, кој моментно брои 16.000 војници од 33 земји-учеснички.

Тој е оженет и има две деца.

Кој е кој

Рен, Oли

27/01/2005

Архива