![]() Генерал-мајор Ерхард Древс.[Getty Images] |
Германскиот генерал-мајор Ерхард Древс ја презеде командата на КФОР на 9-ти септември 2011 година, доаѓајќи на местото на својот земјак, генерал-мајор Ерхард Булер. Тој стана 16-ти шеф на мировните сили предводени од НАСТО во Косово, од нивното распоредување во јуни 1999 година.
Древс е роден на 21-ви ноември 1952 година во Мусен, во државата Северна Рајна-Вествалија, во западна Германија.
Тој ја започнува својата воена кариера во 1971 година, кога се приклучува на 94-тиот Тенковски демонстрациски баталјон во Мунстер. Во 1975 година тој е назначен за водач на водот во 54-тиот Тенковски баталјон во Волфхаген, каде што ги поминува следните седум години, служејќи истовремено и како С2 офицер, а потоа и командант на чета. Во 1982 година тој ја презема функцијата на С3 офицер во Штабот на втората Механизирана пешадиска дивизија лоцирана во Касел, централна Германија.
Во 1983 година Древс го завршува офицерскиот курс на Армиската команда и генералштаб во Бундесвер Колеџот на командата и генералштабот во Хамбург.
Тој се префрла во Колбенц во 1986 година како Г3 офицер во третиот Армиски корпус, а потоа и помошник-началник на Генералштабот, Г3 операции, на 34-тата Оклопна бригада.
По две години служба во германското Министерство за одбрана како помошник шеф на армискиот огранок за планирање, Древс се враќа во Кобленц да ја преземе командата на 343-тиот Тенковски баталјон стациониран таму.
Во 1992 година тој станува предавач во Бундесвер Колеџот на командата и генералштабот во Хамбург.
Од 1995 до 1997 година Древс е шеф на дивизијата во Дизелдорф, помошник-началник на Генералштабот, Г3, Операции во Воената окружна команда III/7-ма Оклопна дивизија, по што го води Бундесвер огранокот за планирање на Министерството за одбрана.
Тој беше командант на 34-тата Оклопна бригада во Диез на реката Лан во декември 2001 година, кога беше распореден во градот Мостар во Босна и Херцеговина како началник на Генералштабот на СФОР Мултинационална оперативна група Југоисток. По своето враќање од оваа балканска држава во мај 2002 година, тој стана заменик-командант на Воздушнокопнената дивизија во Вајчошајм.
Следната година, Древс беше назначен во Генералната армиска канцеларија, каде што работеше до август 2005 година, најпрво како шеф на оддел, а потоа и како началник. Тој потоа заминува во Бундесвер центарот за трансформации, пред да ја преземе командата на Воздушнокопнената дивизија во 2009 година.
Неколку денови по преземањето на функцијата од Булер на 9-ти септември, Древс напиша на веб-страницата на КФОР дека силите предводени од НАТО ќе продолжат да „обезбедуваат сигурност за сите луѓе во Косово“, тесно соработувајќи со локалните власти и меѓународните организации таму.
„Ние сме тие што треба да го преземеме следиот чекор што е неопходен за одржување на постепеното пренесување на надлежностите на цивилните структури“, додаде тој.
Древс е оженет и има две деца.