Регионални извори

Кој е кој, Избори

генерал-полковник Ксавиер Бу де Марнак

Командант на КФОР

(КФОР, ДПА, Еуроњус, Б92, Ксинхуа, Балканска мрежа на истражувачко новинарство)
photo

Францускиот генерал-полковник Ксавиер Бу де Марнак ја презеде функцијата командант на КФОР на 31-ви август 2007 година, на местото на германскиот генерал-полковник Роланд Катер. Тој е 12-тиот командант на мировните сили предводени од НАТО по нивното распоредување во Косово во јуни 1999 година.

Де Марнак е роден на 7-ми јули 1951 година во Триер, Германија. Добил офицерски чин преку Француската воена академија Сент Сир во 1971 година, и избрал да служи во Оклопната и моторизирана единица.

Како полковник, и тогаш капетан, тој служи во два различни полкови на лесно вооружување и командува со извидничката чета на 4-тиот коњанички полк. Како полковник, тој командува со 6/12 тенковскиот полк. Четири години е водач на тимот за специјални операции, на првиот Марински пешадиски воздухопловен полк.

Во периодот помеѓу 1993 и 1996 година Де Марнак работи како советник за разузнавање на францускиот министер за одбрана. Три години подоцна, тој станува дел од Француската разузнавачка служба (ДГСЕ), најпрво како заменик-директор, а потоа, од 2000 до 2004 година, како директор за операциите.

Де Марнак работел во мисии во различни делови од светот -- Европа, Блискиот Исток, Централна Азија и Африка. Тој завршува две задачи во Германија и едногодишен курс за команда и генералштаб во САД.

Де Марнак е промовиран во чин бригаден генерал во 2001 година, во генерал-мајор во 2005 година и во генерал-полковник во 2007 година.

Во 2005 година тој е назначен за командант на штабот за распоредување на силите Бр.2 во Нан, западна Франција, каде што останал до август 2007 година. Во меѓувреме, од август 2005 до февруари 2006 година во Косово ја врши функцијата заменик-командант на КФОР.

Де Марнак доаѓа на позицијата командант на КФОР во клучна фаза на меѓународно спонзорираните разговори за иднината на покраината. Тој ја презема функцијата од Катер за време на церемонијата на предавање во Филм сити, во Приштина, со која претседава адмиралот на американската морнарица Х.Г. Улрих Трети, командант на здружената команда во Неапол.

Де Марнак вети дека 16.000 мировници на НАТО под негова команда ќе го загарантираат мирот во Косово во тек на преговорите и по нивниот очекуван крај на 10-ти декември.

„Не е моја улога да шпекулирам во врска со политичкиот процес, но во случај безбедносната ситуација да биде загрозена, ние имаме планови и ќе ги искористиме во согласност со потребите“, рече тој.

Де Марнак е оженет и има пет ќерки и четири внуци.

Кој е кој

Рен, Oли

27/01/2005

Архива