Регионални извори

Кој е кој, Избори

Мирко Цветковиќ

Премиер на Србијa

(Интернешнал хералд трибјун, AП, ББС, DS.org)
photo

Мирко Цветковиќ беше номиниран од српскиот претседател Борис Тадиќ за нов премиер на 27-ми јуни 2008 година. Тој го замени Воислав Коштуница по вонредните избори што се одржаа на 11-ти мај, кога неговата Демократска партија (ДП) се здружи со Социјалистичката партија на Србија и ја формира владејачката коалиција. Цветковиќ положи свечена заклетва на функцијата на 7-ми јули.

Цветковиќ е роден на 16-ти август 1950 година во Заечар, Србија.

Цветковиќ дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот во Белград, каде што исто така магистрирал, а потоа и докторирал.

Цветковиќ работел во Институтот за рударство десет години, а потоа работел во Економскиот институт уште шест години. Потоа се префрлил во советничката и истражувачка фирма ЦЕС Мекон, каде што работел како советник.

Од 1998 до 2001 година тој бил советник за економски прашања во Рударскиот институт, а од јануари 2001 година работел како заменик-министер за економија и приватизација. Потоа бил директор на Агенцијата за приватизација, во периодот 2003-2004 година, а во 2005 година станал специјален советник во ЦЕО Интерком консалтинг.

Во 1980-тите тој бил надворешен консултант за Светската банка во бројни проекти во Пакистан, Индија и Турција и работел во УНДП во Сомалија.

Цветковиќ бил српски министер за финансии во периодот 2007-2008 година, пред да биде избран за премиер. Западните новински агенции го опишуваат како демократ и „технократ од низок профил“, кој најверојатно ќе претпочита да ја подобри српската економија, отколку да се концентрира на тешките политички прашања.

Во своето обраќање пред парламентот по свечената заклетва Цветковиќ (57) рече дека пристапот во ЕУ ќе биде главен приоритет на неговата влада и вети дека ќе се заложи за ратификување на Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ. Тој, исто така, вети дека неговата влада никогаш нема да го признае Косово како независна држава.

Работењето на зајакнувањето на економијата и социјалната одговорност и борбата против криминалот и корупцијата, исто така, ќе бидат приоритети, рече тој.

Цветковиќ е оженет и има две деца. Тој течно говори англиски јазик.

Кој е кој

Рен, Oли

27/01/2005

Архива