![]() |
Џорџ Вокер Буш се заколнува како 43ти претседател на САД на 20 јануари 2001. Член на Републиканската Партија, Буш го наследува Демократот Вилијам Ј. Клинтон на местото.
Буш е роден на 6 јули 1946 во Њу Хејвн, Конетикат, а израснал во Мидленд и Хјустон, Тексас. Дипломира историја на Јеил Универзитетот во 1968 и магистрира на Бизнис Администрација од Харвард Бизнис Школата во 1975.
Помеѓу 1968 и 1973 Буш служи како пилот во Тексашката Воздушна Национална Гарда. Во 1975 тој ја започнува неговата професионална кариера во бизнисот на нафта и нафтен гас, кој што го напушта во 1986. Во 1988 бил активно вклучен во успешната кампања на неговиот татко за претседател, и во 1989, заедно со група инвеститори го купува професионалниот безбол тим Тексас Ренџери и ќе биде негов генерален менаџер до ноември 1994, кога ќе биде избран за гувернер на Тексас. Во 1998 Буш прави преседан со тоа што е повторно избран за втор консекутивен мандат за гувернер на Тексас.
Во 1999 Буш ги објавува своите планови да се кандидира за претседател по тешка битка со другите републикански кандидати, кои ги победува во март 2000. На 2 август 2000, Џорџ Буш и неговиот неговиот избор за партнер кандидат Ричард Чејни, се формално номинирани за претседател и потпретседател на САД на Републиканската Национална Конвенција во Филаделфија. По една од најнатпреварувачките претседателски трки во Американската Историја, Буш и Чејни ги победувваат кандидатите на Демократската Партија, поранешниот потпретседател Ал Гор и Сен Џозеф Либерман. Сепак, за победата се потребни недели на комплицирани правни процедури и пребројувања на гласовите во Флорида за да биде потврдена.
Во неговиот прв говор како претседател, Буш повторно ја искажува својата посветеност на духот на би-пристрасност и се заколнува да биде лидер на "една нација", а не на "една партија". Некои од неговите клучни домашни приоритети вклучуваат подобрување на образованието, редуцирање на даноците и зајакнување на војската.
На полето на надворешната политика, Буш се заложува да ги задржи меѓународните обврски прифатени од претходната администрација, со тоа што предлага можно намалување на присуството на САД во меѓународните мировни мисии, вклучувајќи го Балканот. Помалку од девет месеци од неговото влегување во канцеларијата, Буш се соочува со голем предизвик по терористичките напади на Њу Јорк и Вашингтон на 11 септември. Неколку месеци подоцна тој ги става САД на чело на светската кампања против тероризмот.
Буш е оженет со Лора Велч од 1977. Тие имаат две ќерки близначки, Барбара и Џена, родени во 1981.