Регионални извори

Кој е кој, Избори

Серж Брамерц

Chief UN War Crimes Prosecutor

(АП, ДПА. ВОА, прес-центар на ОН - 04/06/08; АФП, ДПА, Ксинхуа, ОН, МКТЈ - 28/11/07; АП, Ројтерс - 13/11/07; ОН - 17/01/06; МКТЈ, ОН)
photo

[Getty Images]

Белгискиот правник Серж Брамерц дојде на позицијата главен обвинител за воени злосторства во Хаг на 1-ви јануари 2008 година. Тој ја замени Карла дел Понте од Швајцарија, која се повлече по истекувањето на нејзиниот втор четиригодишен мандат на функцијата, станувајќи петтиот по ред главен обвинител на Трибуналот на ОН од неговото формирање во 1993 година.

Брамерц, кој е роден на 17-ти февруари 1962 година во источниот белгиски град Еупен, завршил правен факултет на Универзитетот Лувен ла Нев, а потоа дипломирал и на факултетот за криминологија при Универзитетот Лиж, и докторирал на меѓународно право на Универзитетот Алберт Лудвиг во Фрајбург, Германија.

Од 1996 до 1997 година бил заменик-обвинител, а потоа и главен заменик-обвинител во Основниот суд во неговиот роден град, пред да биде назначен за заменик на државниот обвинител во Апелациониот суд во Лиж.

Од 1997 до 2002 година Брамерц бил сојузен обвинител на Белгија. Додека ја вршел оваа функција, тој надгледувал голем број истраги и судски процеси поврзани со организираниот криминал, тероризмот и прекршувањата на меѓународното хуманитарно право. Во меѓувреме, тој бил и асистент, а потоа и професор по право на Универзитетот Лиж.

Белгискиот правник и автор на голем број публикации за глобалниот тероризам, организираниот криминал и корупцијата потоа му се приклучил на новиот Меѓународен кривичен суд (МКС) во Хаг. Во септември 2003 година Брамерц е избран за заменик-обвинител на судот, задолжен за одделот за истраги на обвинителската канцеларија.

Во јануари 2006 година, Брамерц го замени германскиот судија Детлев Мехлис како комесар на Меѓународната независна истражна комисија на ОН што го испитуваше атентатот од февруари 2005 година врз поранешниот либански премиер Рафик Харири. Тој ја вршеше оваа функција и во ноември 2007 година, кога генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, го назначи за наследник на Дел Понте.

Советот за безбедност на ОН го одобри неговото назначување за главен обвинител на МКТЈ со четиригодишен мандат, на 28-ми ноември 2007 година. Но, Трибуналот, исто така, истакна дека мандатот на Брамерц може да заврши и порано, ако целите на стратегијата за завршување на работата на Трибуналот, кои предвидуваат затворање на судот во 2010 година, бидат исполнети.

Во времето кога ја замени Дел Понте, МКТЈ сé уште бараше апсење на четворицата преостанати обвинети за воени злосторства од балканските конфликти во 1990-тите -- поранешниот водач на босанските Срби Радован Караџиќ, неговиот воен командант Ратко Младиќ, поранешниот полициски командант на босанските Срби, Стојан Жупљанин, и воениот бунтовнички водач на хрватските Срби, Горан Хаџиќ.

„Се надевам дека тие наскоро ќе бидат уапсени. Апсењето на бегалците е дел од мојот мандат и еден од моите приоритети“, рече Брамерц во интервјуто од март 2008 година. „Караџиќ, Младиќ, Хаџиќ и Жупљанин, мора најпрво да се соочат со правдата и Трибуналот мора да има можност успешно да го заврши својот мандат. Тоа е единствениот пат кон долготрајната стабилност во регионот.“

Кој е кој

Рен, Oли

27/01/2005

Архива