Регионални извори

Кој е кој, Избори

Кетрин Ештон

Висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, како и потпретседател на Европската Комисија

(BBC - 06/12/10; EurActiv - 03/12/09; New Europe - 02/12/09; new Europe - 26/11/09; Reuters, BBC, Telegraph, EurActiv - 20/11/09; Guardian, Swedish EU Presidency - 19/11/09; EU, European Parliament)
photo

Британската политичарка Кетрин Ештон ја презеде функцијата на Висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна полтика на 1-ви декември 2009-та година, датум кога на сила стапи Лисабонскиот договор.

Таа беше назначена на една од двете врвни функции одредени според спогодбата за време на еден неформален самит на лидерите на 27-члената Унија на 19-ти ноември истата година.

Родена на 20-ти март 1956-та година во Апхоланд, Обединетото Крлство, Ештон дипломирала економија на Лондонскиот универзитет.

После шест година на функцијата заменик-претседател на Кампањата за нуклеарно разоружување, во 1983-та година, таа ја предводеше организацијата Бизнис во заедницата, организација фокусирана на внатрешната британска политика. Таа ја напушти оваа функција во 1989-та за да работи како независен политички советник.

Член на Лабуристичката Партија, таа стана доживотен член на Горниот Дом на Британскиот парламент во 1999-та година, на барање на тогашниот премиер Тони Блер.

Од 2001-та до 2006-та година, Ештон беше министер на одделот за образование и вештини, одделот за уставни прашања, а потоа Министерството за правда. Таа потоа стана дворски советник во мај 2006-та година, пред да биде назначена за лидер на Горниот Дом.

Во октомври 2008-та година, Ештон стана дел од Европската комисија (ЕК), заменувајќи го Британецот Питер Менделсон како трговски комесар на ЕУ.

По нејзиното назначување за висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, таа автоматски стана потпретседателот на Европската комисија, исто така одредено според Лисабонскиот договор

„Ќе биде предизвик да се работи и со [Европскиот] Совет и Комисија, а исто така ќе биде предизвик да се биде првиот човек на оваа функција досега“, вели таа.

Ештон е омажена и има две деца.

Кој е кој

Архива

Рен, Oли

27/01/2005