Регионални извори

Кој е кој, Избори

Сулејман Тихиќ

член на Претседателството на Босна и Херцеговина

(Официјална веб страна)
photo

Сулејман Тихиќ стана член на трипартитното претседателство на Босна и Херцеговина (БиХ) на 28 октомври 2002 година, по општите избори во земјата на 5 октомври 2002 година. Тихиќ, претставник на босанската заедница во земјата, и двајцата други члена на колективното претседателство, босанскиот Хрват Драган Човиќ и босанскиот Србин Мирко Шаровиќ, беа избрани со директно народно гласање со четиригодишен мандат, на местото на Бериз Белкиќ, Јозо Крижановиќ и Живко Радишиќ.

Тихиќ е лидер на Партијата за демократска акција, основана во 1990 година. Тој го доби претседателското место со 37,3 отсто од босанските гласови, со што ги победи своите главни ривали Харис Силајџиќ и Алија Бехмен.

Роден во Босански Шамац на 26 ноември 1951, Тихиќ дипломира на Правниот факултет при Универзитетот во Сараево. Од 1975 година до 1983 година тој e судија и јавен обвинител во неговиот роден град, а потоа адвокат до 1992 година.

За време на војната во БиХ во периодот 1992-1995 година, Тихиќ околу три месеци престојувал во затворските кампови управувани од босанско-српските сили во Босански Шамац, Брчко, Бијелина, Батајница и Сремска Митровица.

Од 1994 година до 1996 година Тихиќ е на чело на конзуларниот оддел при амбасадата на БиХ во Германија. Потоа, до 1999 година работи како советник за конзуларни прашања на министерот за надворешни работи на БиХ.

Тихиќ е член на парламентот на Република Српска од 1996 година до 2002 година, во последните две години како заменик-спикер. Во 2001 година, високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ го номинираше за член на парламентарната комисија за уставни прашања.

Тихиќ е оженет и има два сина и ќерка.

Кој е кој

Рен, Oли

27/01/2005

Архива