Регионални извори

Кој е кој, Избори

Аднан Терзиќ

премиер на Босна и Херцеговина

(Веб страна на Партијата за демократска акција; Разни извори од интернет)
photo

Аднан Терзиќ стана премиер на Босна и Херцеговина (БиХ) на 23 декември 2002 година, по општите избори на почетокот na октомври. Istata godina tој на премиерското место го наследи Драган Микеревиќ и стана првиот шеф на централната влада на БиХ со четиригодишен мандат.

Терзиќ е роден vo 1960 година во Загреб. Дипломирал на Градежниот факултет при универзитетот во Сараево и завршил постдипломски студии на Факултетот за политички науки при истиот универзитет.

Терзиќ во 1991 година се приклучува на муслиманската Партија за демократска акција, а со тек на време станува заменик-претседател на istata партијата. Na dvapati е гувернер на кантонот Централна Босна – од 1997 до ноември 1998 година и од 2000 до 2001 година.

Кога Парламентот на БиХ го одобри неговото наименување за шеф на владата составена од еднаков број Муслимани, Срби и Хрвати, Терзиќ вети реформи, нагласувајќи ги целосната демократизација на општеството, зајакнувањето на владеењето на правото, развојот на пазарнаta економија и промовирањеto на социјална правда како клучни приоритети.

"Нашата цел е БиХ да оди напред кон европска интеграција и да ги имплементира економските и политичките реформи", изјави Терзиќ во своето обраќање пред парламентарниот Дом на претставници на 23 декември 2002 година.

Кој е кој

Архива

Рен, Oли

27/01/2005