Регионални извори

Кој е кој, Избори

Мајкл Штајнер

Администратор на Мисијата на ОН на Косово

(Економист, УНМИК)
photo

Мајкл Штајнер е наименуван за шеф на Мисијата на Обединетите Нации на Косово (УНМИК) во декември 2001 од страна на Генералниот Секретар на ОН Кофи Анан. Тој е третиот специјален претставник на генералниот секретар за Косово откако УНМИК е формирана во 1999. Го наследува Ханс Хекеруп од Данска и Бернар Кушнер од Франција.

Пред неговото наименување на Косово, Штајнер служи скоро шест години како главен заменик на високиот претставник во Сараево, Босна и Херцеговина. Тој е искусен дипломат и поранешен советник за надворешна и безбедносна политика на Канцеларот Герхард Шредер на Федералната Република Германија. Штајнер има работено во Прага, Загреб и во постојаната мисија на Германија во Обединетите Нации во Њујорк.

Мајкл Штајнер е роден во Минхен, Германија, на 28 ноември 1949. Тој студира право во Париз и Минхен од 1971 до 1977 и се квалификува за судија во 1981. Подоцна таа година, тој влегува во Германскиот Форин Сервис. За време на неговата славна кариера во германската влада, Штајнер е на чело на канцеларијата за врски за Германската хуманитарна помош во Загреб, како германски член на Контакт Групата составена од шест нации за поранешна Југославија, и на чело на единицата за координација на мултилатералните мировни заложби. Тој исто така го има водено специјалниот отсек "Меѓународни Заложби за Мир во Југославија" од 1994 до 1995.

Кој е кој

Архива

Рен, Oли

27/01/2005