Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Регионални извори

Кој е кој, Избори

Костас Симитис

Премиер на Грција

(Официјална веб страница, ЈуроАктив)
photo

Костас Симитис е избран за Премиер на Грција во април 2001 година откако неговата партија Панхеленско Социјалистичко движење (ПАСОК) тесно ја победува партијата на десниот центар Нова Демократија (НД).

Симитис е роден во Атина на 23 јуни 1936 година. Дипломира право на универзитетот Марбург во Германијаво 1959 година, и студира на Лоноднскиот факултет за економија од 1961 до 1963 година.

Во 1965 година, Симитис се наоѓа меѓу сооснивачите на друштвото за политички истражувања "Александрос Папанастасио", чии членови на крајот стануваат јадрото на илегалната група за Демократска одбрана, партија која организира субверзивни активности против воениот режим (1967-1974).

Со налог за апсење во 1969 Симитис е приморан да бара егзил во Германија, но тој е повикан на суд и осуден за подметнување на пожар и за употреба на експлозиви. Во 1970 година, тој се вклучува во Панхеленското Ослободително движење.

Во 1971 година, Симитис е назначен за професор на Костанц универзитетот во Германија. Од 1971 до 1975 работи како професор по право на универзитетот во Гисен, а 1997 година предава политички и социјални науки на Пантеион универзитетот во Атина.

Како соосновач на ПАСОК во 1974 година, Симитис е исто така еден од авторите на повелбата на таа партија и член на нејзиниот прв централен комитет. Пет години подоцна-- по несложувањето со Премиерот и основачот на ПАСКОК Андреас Папандреу--тој го напушта извршното биро и е исклучен од кандидатската листа на партијата на изборите во 1981 година.

Симитис е за првпат избран за пратеник во парламентот во 1985 година. Извршува функции: министер за земјоделие (1981-1985) , министер за национална економија (1985-1987)и министер за индустрија и трговија (1993-1995).

Кога Папандреу се повлекува поради болест во јануари 1996 година, Симитис е избран да застане на неговата место. Во јуни, по смртта на Папандреу, Симитис е наименуванм за председател на ПАСКОК. Кога ПАСКОК победува на септемвриските избори, тој се наоѓа на чело на новата влада.

Кој е кој

Архива

Рен, Oли

27/01/2005