![]() |
Ахмет Неџдет Сезер се заколна на седум-годишен мандат како 10тиот турски претседател на 16 мај 2000 кога го замени СулејманДемирел. Реформистички судија кој го има посветено целиот свој работен век на правната професија, Сезер не го бараше претседателското место. Лидерите на парламентарните партии го номинираа за местото откако не успеаја да постигнат консензус за номинација. Така Сезар, познат како човек со личен интегритет и длабок респект кон владеењето на правото, стана првиот турски претседател кој го превзема местото без да биде ни активен политичар ни висок воен офицер.
Роден на 13 септември 1941 во градот Афјон, Сезер завршил средно училиште во неговиот роден град во 1958. Дипломирал право на Правниот факултет на Универзитетот во Анкара во 1962 и магистрирал граѓанско право во 1978. Во меѓувреме, бил судија во Анкара, ја завршил воената обврска во академијата Ленд Форсис и се вратил на својата професионална кариера како судија во градот Дикл, и потоа како судија супервизор во Високиот Апелационен Суд во Анкара.
На 7 март 1983, Сезер е избран во Високиот Апелационен Суд и на 27 септември 1988 Кенан Еврен, тогашниот турски претседател, го наименува во Уставниот Суд, највисокиот суд во Турција. На 6 јануари 1998 Сезер беше избран за главен судија на Уставниот Суд.
На 5 мај 2000, по долги и неплодни консултации околу претседателски кандидат, лидерите на сите пет партии во Турското Големо Национално Собрание се сложија да го номинираат Сезер за местото на тогашниот претседател на заминување Сулејман Демирел.
Кога се заколна, Сезер се заложи да ги заштитува турските секуларни институции, социјалниот мир и територијалниот интегритет по секоја цена. Непоколеблив приврзаник на врховното владеење на правото и на демократизацијата, тој изјави: "Освен ако не ги напуштиме елементите кои наликуваат на полициска држава, ние не можеме да ги достигнеме барањата со кои ќе бидеме модерно општество". Тој исто така вети дека ќе се бори против корупцијата, нагласувајќи дека никој не треба да биде над законот и побара посилни заложби за да се забрза пристапот на земјата во ЕУ.
"Нашата земја, која не може да остане со погледот навнатре, мора да се интегрира со вредностите на цивилизацијата прифатени од Европската Унија. Нашиот успех во областите на врховното владеење на правото и демократијата ќе го зголемат нашиот углед во заедницата на модерните нации", изјави новиот претседател.
Сезер е женет и има три деца.