Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Регионални извори

Кој е кој, Избори

Симеон Саксе-Кобург-Гота

Премиер на Република Бугарија

(Фајненшл Тајмс;РФЕ/РЛ; ББЦ)
photo

Бугарскиот Премиер Симеон Саксе-Кобург-Гота е роден во 1937 година, син на бугарскиот крал Борис (од династијата Саксе-Кобург) и кралицата Џоана (бивша италијанска принцеза Џована (од династија Савој). Откога кралот Борис умира во непознати околности по средбата со Адолф Хитлер, Симеон го наследува татка си на 6 годишна возраст. Младиот Симеон управува три години под туторство на 3 члениот регентски совет до советскиот воен удар 1944 година, кој завршува со убиство на регентите, вклучувајки го неговиот вујко и нејголем дел на интелигенцијта во земјата. Две години подоцна, одржан е референдум за кој многумина веруваат дека е наместен, со кој се истеруваат младиот крал и мајка му од земјата. Тие најпрвин летаат за Египет пред да се удомат во Шпанија, каде се прифатени како азиланти. Симеон ја посетува Лицел Франц во Мадрид и Валеи Форџ воената академија во Вејн, Пенсилванија во САД. Тој исто така завршува тригодишен курс за бизнис администрација и право.

Бившиот крал поминува најголем дел од својот живот работејки како бизнисмен во Шпанија и во САД. Тринаесет години работи како председател на шпанската филијала Томсон, француска група за одбрана и електроника. Тој работи како советник за неколку групи во Европа и Африка, специјализирајки во банкарски, хотелски, електронски и угостителски сектор.

За разлика од некои свои современици, Симеон работи макотрпно за да го задржи своето културно наследство. Тој припаѓа на Православната Христијанска Црква и сеуште зборува течен бугарски јазик, иако помалку застарена верзија, што се должи на децении живот во егзил. По враќањето во својата родна земја во 1996 година, Симеон е поздравен од илјадници бугарски граѓани кои извикуваат"Ние го сакаме нашиот крал!"

На неговата новоформирана политичка партија , Национално Движење на Симеон втори, и се доволни само три месеци да извојува победа над владеечката Унија на Демокрастски Сили и нејзиниот долгогодишен главен ривал Бугарската Социјалистичка Партија, на парламентарните избори на 24 јули 2001 година. По првобитната неизвесност, Сиемон конечно ја прифаќа функцијата Премиер на државата. Во коалиција со етничкото Турско Движење за права и слобода, тој формира влада составена главно од технократи и економски специјалисти кое се образувале на запад. "Главните приоритети на овој [ коалициски] договор се прием и полноправно членство во Европската Унија и НАТО, одлучна борба против корупција и брз и одржлив развој" Саксе-Кобург-Гота изјавува во едно обраќање на парламентот.

Сиемон е женет за шпанска аристократка Дона Маргарита Гомез-Ацебо е Кехуела. Тие имаат 5 деца.

Кој е кој

Архива

Рен, Oли

27/01/2005