![]() |
"Постојат мал број на активни личности кои се присутни во најголем дел на историјата на модерната републиканска партија или имаат резиме во владата кое се поклопува со она на Доналд Хенри Рамсфелд." се вели во еден текст на весникот Њујорк Тајмс. Вистински ветеран на Пентагон, Рамсфелд, 68, повторно застанува на местото секретар за одбрана на САД во 2001 година после пауза од четвртина век. За првпат застанува на оваа функција во ноември 1975 во владата на председателот Жерард Форд.
Роден 1932 во Чикаго, Илиноис, дипломира на Принцетон универзитетот во 1954 година и работи како пилот во морнарицата три години пред да замине за Вашингтон да работи за двајца конгресмени. Рамсфелд за кратко ја напушта политиката вклучувајки се во инвестициона банка, но се враќа во Вашингтон во 1962 година, на 30 годишна возраст да работи во Претставничкиот Дом на САД како претставник од Илиноис. Тој е повторно избран во 1964, 1966 и 1968 година. Останува во домот до давањето отказ во 1969 година кога се вклучува во владата на претседателот Ричард Никсон како директор на канцеларијата за Економски развој.
После функцијата амбасадор на САД за НАТО во Брисел од 1973 до 1974 година, тој е повикан назад во Вашингтон да работи во владата на Форд во Белата Куќа како шеф на кабинетот, и подоцна на 46 годишна возраст како најмлад секретар за одбрана на земјата во историјата на САД.
Откако председателот Форд губи на следните избори од Џими Картер во 1976 година, Рамсфелд се враќа во корпорацискиот свет како извршен директор, председател и потоа раководител на "ГД Сирл енд Ко" светски позната фарамацевтска компанија. За време на својата бизнис кариера, Рамсфелд продолжува јавна работа на различни позиции. Неговите последни функции вклучуваат председателство на независната комисија за разгледување и проценка на балистичко-ракетните претења на САД и комисијата за проценка на американските воздушни операции. Пред да се заколне како 21 секретар за одбрана, Рамсфелд работи како председател на Гилеад Сајенсис.Инц.
Оженет е со Џојс Пирсон во 1954 година. Тие имаат три деца.