![]() |
Ибрахим Ругова станува првиот председател на Косово на 4 март 2002, по победата на неговата партија на парламентарните избори на 17 ноември 2001.
Роден е во Косово 1944 година. Се наобрзува на Сорбонскиот универзитет во Париз, каде студира лингвистика. По неговото враќање на Косово, се вработува како професор по албанска литература и писател. Во 1989 година е председател на Здружението на писатели на Косово.
Подоцна истата година , тогашниот председателот на Југославија Слободан Молошевиќ ја укинува автономијата на Косово во 1989, што доведува до формирање на Демократски Сојуз на Косово (ДСК), првата некомунистичка партија на Косово.
Ругова ја води ДСК низ деведесттите следејки ја политиката на ненасилнички отпор на режимот на Милошевиќ. ДСК ги бојкотира српските и федративните избори и помага да се формира паралелна администрација во болниците, училиштата како и во оданочувањето за етничкото албанско население. Од 1992 до 1998 Ругова е избран за председател на самопрогласената "Република Косово" која Белград не ја признава.
Пацифистичката политика на Ругова наидува на критики во средината на деведестите кога Косово е исклучено од Дејтонскиот мировен договор-знак на кој многу етнички албанци гледаат како индикација дека провинцијата има многу мала шанса за добивање подршка од западот во нејзините аспирации за независност.
Ругова учествува во мировните преговори во Рамбуе во февруари 1999 година како член на косовско-албанската делегација.
Неговата партија повторно добива поддршка од народот и победува на локалните избори на Косово во октомври 2000 година со 58%освоени гласови. На парламентараните избори во ноември 2001 ДСК освојува 46% од гласовите што доведува до победа, но не и мнозинство места во парламентот. После 3 месечна дебата околу договор за делење на моќта со другите етничко-албански партии, Ругова е назначен за председател на Косово во март 2002 година.