![]() |
Адриан Настасе станува Премиер на Романија на 31 декември 2000 откако партиите на центарот и на десното крило во романскиот парламент ја подржуваат левистичката влада на малцинството на неговага Партија за Социјална Демократија (ПСД).
Роден на 22 јуни 1950 во Букурешт, Настасе дипломира право, магистрира социологија и докторира меѓународно право на универзитетот во Букурешт. За време на своето образование, работи како дописен член на одделот за човекови права и мир на УНЕСКО и Меѓународниот Истаражувачки Институт за мир во Осло.
Неговата кариера помеѓу 1973 и 1990 вклучува функции во Романската Академија, во Академијата за Економски студии во Букурешт и во Меѓународниот Институт за човекови права во Стразбург, Франција. Помеѓу 1990 и 1997 работи како професор по јавно и меѓународно право на бројни универзитети вклучувајки го универзитетот во Букурешт и Сорбон универзитетот во Париз.
Настасе ја започнува својата политичка кариера во 1990 година, кога е избран за пратеник во парламентот со Националниот Фронт за Спас. После само еден месец на таа позиција, на 28 јуни 1990, назначен е за Министер за надворешни работи, позиција на којашто останува до октомври 1992.
Помеѓу 1992 и 1996 Настасе е претседател на Пратеничкиот Дом. Од 1993 до 1997 тој е председател на извршниот одбор на ПСДР и е член на Романската Парламентарна Комисија во Парламентарното Собрание на Советот на Европа од 1996 до 2000. Во јануари 2001, Настасе е избран за председател на ПСДР (подоцна преименувана во ПСД).
Кога е назначен за Премиер во декември 2000, Настасе ветува дека ќе го убрза економскиот развој, ќе се бори против корупцијата, ќе ја редуцира бирократијата и ќе го унапреди пристапот на земјата во ЕУ и во НАТО. Тој изјавува дека НАТО " е единствената разумна опција" која може да ја гарантира безбедноста на Романија.