Регионални извори

Кој е кој, Избори

Фатос Нано

Премиер на Албанија

(Албанска Влада, Официјална Председателска веб страница)
photo

Фатос Нано, кој ја води својата трета влада од 1991 година, е роден во Тирана 1952 година.

Нано дипломира политичка економија на Универзитетот во Тирана. Како добро познат либерален економист, тој докторира економија во 1989 година после 10 години работа како професор на универзитетот. Во меѓувреме тој е функционер на Институтот за Марксистичко-Ленинистички студии.

На крајот на 1990, Нано е поканет од владата да учествува во трансформацијата на албанската централизирана економија во пазарна економија. Во февруари 1991, албанскиот председател Рамиз Алија го наименува Нано за лидер на техничката влада, каде неговата главна должност е да ги подготви првите повеќепартиски избори во Албанија, кои се одржаа на 31 март 1991 година. Подоцна истата година тој дава отказ од министерската позиција во екот на народните протести и штрајкови.

На 13 јуни 1991, Нано е наименуван за претседател на Социјалистичката Партија на Албанија, која е всушност преименувана политичка структура на бившата комунистичка Работничка Партија, функција која што сеуште ја извршува. По изборите на 22 март 1992, Нано е лидер на албанската опозиција се до неговото затворање на 30 јули 1993 за злоупотреба на државните финансии. Ослободен е од затвор за време на протестите во 1997 година. Се смета дека неговото затворање е силно политички мотивирано.

Председателот Реџеп Мејдани го назначува Нано за Премиер по вторпат после граѓанските немири 1997. Нано мора да даде отказ како резултат на протестите што го следат убиството на историскиот опозиционен лидер, Азем Хајдари. После парламентарните избори на 24 јуни 2001 тој е поставен на функцијата председател на Парламентарната Комисија за надворешни работи.

Потоа, Нано е на чело на Социјалистичката Партија, каде предизвикува немири истерувајки го (со гласање) Премиерот двапати -- Пандели Мајко и Илир Мета.

Тој повеќе пати ја повикува јавноста на отворена дискусија за провидноста на владата, вршејки притисок на опозицијата да биде поразумна и јавно-ориентирана. На 25 јули 2002, Председателот Алфред Мојсиу одлучува да му довери на Нано трет премиерски мандат.

Кој е кој

Папулиас, Каролос

17/03/2004

Архива

Рен, Oли

27/01/2005