Регионални извори

Кој е кој, Избори

Алфред Мојсиу

Председател на Албанија

(Албанска Влада, Официјална председателска веб страница)
photo

Алфред Мојсиу станува председател на Албанија на 24 јуни 2002 година, застанувајки на чело на државата со 74 години на местото на Реџеп Мејдани.

Меојсиу, еден од првите воени инженери, е роден на 1 декември 1929 година во Шкодер, Албанија. Од 1943 до 1945 година учествува во антифашистката војна за ослободување на Албанија. Се наобразува воено инженерски во Сан Петерсбург од 1946 до 1948 и од 1952 до 1958 во Москва каде дипломира на Академијата за Воено Инженерство со златен медал. Во 1995 година, тој посетува курс за високи воени чиновници во колеџот на НАТО во Рим. Докторира воени науки во 1979 година.

Мојсиу извршува многу одговорности во Албанските Воени Сили и во Министерството за Одбрана се до неговото станување заменик министер за одбрана од 1971 до 1981. Во 1982 година, тој е политички запоставен за скоро цела декада се до паѓањето на комунистичкиот режим. Во 1992 година станува министер за одбрана во техничката влада која ја заменува владата на Рамиз Алија.

Мојсиу ја извршува функцијата заменик министер за одбрана од 1994 до 1997 година кога граѓанскиот немир и народните протести ја симнуваат од власт владата на Сали Бериша. Од 1994 се до неговиот избор за председател, тој раководи со Албанското Атланско Здружение.

Кога тој е избран за претседател на Албанија во 2002 година, се откажува од пензионирање по трет пат. Неговиото избирање е резултат на историскиот договор помеѓу владеачкиот социјалистички лидер Фатос Нано и Бериша.

Мојсиу изјавува дека ќе стои зад политичките интереси на својата земја. Тој вели дека има аспирации за мир на Балканот и за членство на Албанија во НАТО.

Кој е кој

Рен, Oли

27/01/2005

Архива