![]() |
Хари Костов беше назначен за премиер на Македонија на 3-ти јуни 2004 година. Тој го замени Бранко Црвенковски, кој победи на предвремените претседателски избори во земјата оддржани на 28-ми април.
Костов, по професија економист, беше на функцијата министер за внатрешни работи кога Црвенковски го номинираше за премиер на 14-ти мај.
Костов е роден на 13-ти ноември 1959 година, во село Писница, Пробиштип. Дипломирал на Економскиот Факултет на Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје во 1983 година.
Во 1988 година, по петгодиншната работа во владата на Југословенска Република Македонија, Костов беше назначен за економски советник на кабинетско ниво. На таа функција остана до февруари 1994 година, уште две години откако Македонија се оддели од Југославија во ноември 1991година.
Костов беше назначен за заменик-министер за финасии во 1994 година, за време на првиот премиерски мандат на Црвенковски. Тој беше на чело на раководниот орган за реформи на банкарскиот систем.
Во периодот од август 1995 година до октомври 1996 година, Костов ја вршеше функцијата советник на извршниот директор на Светската Банка за група земји, вклучувајќи ја и Македонија. Се до неговото назначување за министер за внатрешни работи во 2002 година, тој работеше како извршен директор во една комерцијална банка.
Во неговото обраќање до Македонскиот Парламент откако бече назначен за премиер, Костов рече дека главни приоритети на неговата влада се целосна имплеменатција на Охридскиот рамковен договор, економски прогрес и интеграција во евро-атлантските структури. Тој, исто така, вети поголем напор во борбата против организираниот криминал и корупцијата, како и во подобрувањето на меѓуетничките односи во земјата.
„Само зајакнување и подобрување на меѓуетничките односи, меѓуетничката доверба, вистински и постојан соживот, етничка и верска толеранција и почитување на човечките права и слобода се вистински начин да се постигне траен мир и политичка стабилност. [Охридскиот] Рамковен Договор и неговите начела, права и обврски го одредија тој пат, кој е единствен пат за евро-атлантска интеграција.