![]() |
Францускиот генерал-полковник Ив де Кермабон ја презеде командата на КФОР на 1 септември 2004-та година, заменувајќи го германскиот армиски генерал-полковник Холгер Камеркоф. Тој стана деветтиот командант на КФОР од нивната ангажираност на Косово во јуни 1999-та година.
Де Кермабон е роден на 4-ти ноември 1948-та година. Во 1970-та година се запишува на француската Воена Академија во Св.-Кир и одбира да служи во оклопната единица.
Во текот на неговата кариера, де Кермабон извршува функции кои бараат голема одговорност. Како офицер во оклопната единица, тој извршува различни функции од командант на вод па се до командант на полк. Извршува голем број офицерски функции, како што се помошник на главниот инспектор во армијата (1984-87), заменик во армискиот сектор во воениот кабинет на министерот за одбрана (1989-91), началник на штабот на 6-та Лесно оклопна дивизија (1994-97) и шеф на кабинетот на генералниот директор на директоратот на арискиот персонал.
Де Кермабон, исто така, извршува задачи и надвор од Франција, вклучувајќи и ја и таа во Африка во доцните 1970-ти и раните 1980-ти години. На почетокот од 1990-те беше командант на францускиот баталјон во составот на Преодната власт на ОН во Камбоџа.
Прв пат на Балканот е поставен во јануари 1995-та година, служејќи неколку месеци како заменик-командант на сараевскиот сектор на УНПРОФОР. Тој се враќа во Босна и Херцеговина во декември 1995-та година, добивајќи ја својата втора неколкумесечна задача како началник на штабот на Мултинационалната Дивизија Југоисток на ИФОР.
Од мај до септември 2002-та година, де Кермабон служи на Косово како командант на мултинационалната бригада на КФОР во Митровица. Тој се враќа на Косово во март 2003-та заради нова, шестмесечна задача како заменик-командант на КФОР.
Зборувајќи на церемонијата по повод промената на командата на 1-ви септември 2004-та година, де Кермабон вети дека ќе ги зголеми способностите на мировните сили. „Ситуацијата е се уште кревка, па затоа, без сомнение, неопходно е да се измени начинот на дејствување на силите, да бидат помобилни, побрзо да реагираат и да го подобрат разузнавањето“, рече тој.
Де Кермабон е оженет и има пет деца..