Регионални извори

Кој е кој, Избори

Ахмет Хаџипашиќ

премиер на Федерацијата Босна и Херцеговина

(Официјална веб страна, АП)
photo

Ахмет Хаџипашиќ на 14 февруари 2003 година беше наименуван за премиер на Федерацијата Босна и Херцеговина, со четиригодишен мандат. Неговиот избор уследи по општите избори во земјата во октомври 2002 година. Член на босанско-муслиманската Партија за демократска акција, Хаџипашиќ го замени Алија Бехмен на местото шеф на Владата на Федерацијата.

Хаџипашиќ е роден на 1 јуни 1952 година во градот Цазин. Дипломирал на Металуршкиот факултет во Зеница и има докторат од Универзитетот во Сараево, добиен во 1984 година.

Во својата професионална кариера, Хаџипашиќ работи во разни претпријатија во градот Зеница. Како директор на фирмата "Метално", во која работи од ноември 1993 година, Хаџипашиќ ја доби наградата "Менаџер за 1999 година на кантонот Зеница-Добој" а, две години подоцна, наградата "Менаџер на деценијата".

Исто така, тој работи како редовен професор на Универзитетот во Сараево и е надворешен соработник на Машинскиот факултет во Зеница и на Техничкиот факултет при Универзитетот во Бихаќ. Хаџипашиќ има завршено специјализации во странство и е автор на две книги и повеќе од 60 научни и истражувачки публикации.

Тој е и претседател на кошаркарскиот клуб "Метално" (Зеница) и на фудбалскиот клуб "Челик" (Зеница).

Хаџипашиќ е оженет и има две деца.

Кој е кој

Архива

Рен, Oли

27/01/2005