Регионални извори

Кој е кој, Избори

Mило Ѓукановиќ

Премиер на Црна Гора

(Дие Велт, АИМ, Слободна Србија, Црногорски избори 2001, Дискавари онлајн, Британска Хелсиншка група за човекови права)
photo

Долгогодишниот црногорски водач Мило Ѓукановиќ излезе од пензија за уште еднаш да ја преземе премиерската функција во февруари 2008 година. Ѓукановиќ, кој ја предводеше иницијативата на земјата за независност, беше избран на местото откако премиерот Жељко Штурановиќ се повлече поради здравствени проблеми.

Ова е петти мандат на Ѓукановиќ како премиер.

Ѓукановиќ е роден во 1962 година во Никшиќ. Син на судија, тој го поминал поголем дел од својата младост напредувајќи брзо низ ранговите на апаратот на Комунистичката партија. Студирал екононија и во 1979 година се приклучил на Централниот комитет на југословенските социјалисти.

Во 1991 година, со поддршка на Слободан Милошевиќ -- човекот кој подоцна ќе стане најголем непријател на Ѓукановиќ -- на возраст од 29 години, Ѓукановиќ стана најмладиот премиер во Европа. Кога ја зазеде функцијата, без политичко искуство освен во младински и партиски организации, голем број набљудувачи се запрашаа дали ќе може да се справи со комплексноста на својата позиција. Но, младиот водач се покажа извонредно вешт во водењето на најразлични прашања на републиката.

Откако трипати беше премиер, Ѓукановиќ ја оцени сé поголемата поделеност во Демократската партија на социјалистите (ДПС) во врска со нејзиниот однос со Слободан Милошевиќ, и одлучи дека партнерството со српскиот претседател е долгорочно политичко самоубиство. Во 1997 година тој даде интервју во кое остро го критикуваше Милошевиќ, опишувајќи го како човек со застарена политичка филозофија кој се опкружил себеси со корумпирани поданици.

Ова сигнализираше отворен судир во владејачката ДПС, која се подели на две фракции: едната предводена од Ѓукановиќ и другата од претседателот Момир Булатовиќ, која остана приврзана на Милошевиќ. Во јули 1997 година тие се соочија на претседателските избори во републиката. Ѓукановиќ, чиј кампус доби контрола над финансиите и имотот на ДПС беше избран со тесна победа. Булатовиќ стана премиер на сојузната влада и ја основа Социјалистичката народна партија (СНС), која продолжи да ја поддржува агендата на Милошевиќ во Црна Гора.

Ѓукановиќ го помина претседателскиот мандат во бавна битка за политичка и економска контрола над републичките работи од југословенските сојузни структури. D

Ѓукановиќ е женет.

Кој е кој

Архива

Рен, Oли

27/01/2005