Регионални извори

Кој е кој, Избори

Генерал- мајор Жан Марко Кјарини

командант на ЕУФОР

(ЕУФОР;ББС)
photo

Италијанскиот генерал-мајор Жан Марко Кјарини ја презеде командата врз силите на ЕУФОР во Босна и Херцеговина (БиХ) на 6-ти декември 2005-та година од британскиот генерал – мајор Дејвид Лики на церемонијата која исто така ја обележа првата годишнина од присуството на ЕУФОР, кои бројат 6000 војници во земјата.

Тој е вториот командант на ЕУФОР откако НАТО и ја предаде својата обврска за одржување на мирот на ЕУ во декември 2004-та. На церемонијата , на која НАТО и ги предаде своите обврски на ЕУ- одржана во кампот Бутимир во Сараево – присуствуваа шефот за безбедност на ЕУ Хавиер Солана, претседателот на тројното претседателство на БиХ Иво Миро Јовиќ, членот на претседателството Борислав Паравац, како и други високи претставници.

Кјарини е роден во 1952-та година, во Ферара. Тој го посетуваше 153-от курс на Воената академија од 1971-1973-та година, каде е навначен за втор поручник. Тој учеше во Военото училиште за примена и специјализација во Турин. Во 1975-та година, тој беше назначен во тенковските сили.

Во периодот од 1975-та до 1982-та година, тој беше командант на Вооружениот вод и чета, како и командант на четата за услуга и поддршка на првиот тенковски баталјон CRACCO во Белинцаго Новарезе.

Во 1991-та година, Кјарини ја презеде командата врз првиот Тенковски баталјон CRACCO. Тој беше командант на единицата на 32-от Тенковски полк во Тауриано, од 1998-та до 1999-та година. Во периодот од 1985-та до 1986-та година, тој го посетуваше 110-от курс за офицерски кадар, а во периодот од 1988-та до 1989-та година 110-от напреден курс за офицерски кадар, и двата во Воениот колеџ на Италијанската армија.

Во 1999-та година, тој беше назначен за шеф на здружените операции во Генералниот штаб на НАТО АФСАУТ, Неапол. Кјарини беше извршен помошник на КФОР, во Приштина, Косово, од 2000-та до 2001-та година.

На 1-ви јануари 2001-та година тој беше унапреден во чин бригаден генерал. Во мај, тој беше назначен за началник на штабот на силите за брза интервенција во Солбиата Олона (ВА). Тој беше на оваа служба се додека ФОЦ на силите беше објавен од страна на НАТО. Од 1-ви март до септември 2003-та година, тој беше командант на Мултинационалната бригада СЕ (Саламандер) во БиХ.

На 1-ви јануари 2005-та година, тој беше унапреден во чин генерал – мајор и служеше во Генерал штабот на Италијанската армија во Рим, како заменик – шеф на одделот за операции и обука.

Кјарини е оженет и има еден син.

Кој е кој

Рен, Oли

27/01/2005

Архива