![]() [Getty Images] |
Агим Чеку стана премиер на Косово на 10-ти март 2006-та година, девет дена по оставката на неговиот претходник, Бајрам Косуми, во пресудно време за иднината на покраината.
Чеку, Косовски Албанец, е роден на 29-ти октомври 1960-та година во градот Пеќ и направи кариера како војник. Дипломирал на воената академија во Белград и станува дел од Југословенската народна армија како капетан на артилеријата.
За време на распадот на бивша Југославија во раните 1990-ти години Чеку се бореше на страна на Хрватската армија. Подоцна, тој ја предводеше бунтовната Ослободителна војска на Косово (ОВК), која се бореше против Српските сили за време на конфликтот 1998-1999 на Косово. По завршувањето на конфликтот, Чеку ја контролираше демобилизацијата и трансформацијата на ОВК во цивилна војска за брза интервенција, Сили за заштита на Косово (СЗК).
И покрај тоа што преговорите предводени од ОН за идниот статус на Косово се веќе во тек, Косуми поднесе оставка на 1-ви март 2006-та година притиснат од неговата партија, Сојузот за иднина на Косово. Следниот ден, претседателот на Косово официјално го назначи Чеку, кој сеуште беше водач на СЗК, за премиер на покраината.
На 10-ти март 2006-та година, законодавците во Косовскиот парламент со 120 пратенички места го поддржаа назначувањето на Чеку за премиер со 65 гласа за и 33 гласа против, а со тоа тој автоматски стана член на преговарачкиот тим на покраината во преговорите за идниот статус.
Во неговот обраќање до законодавците, веднаш откако беше избран, Чеку изјави дека очекува преговорите да завршат со целосна независност НА покраината.
„Ние сакаме едно демократско и толерантно Косово“, рече Чеку. Во еден потег без преседан, Чеку почна да зборува од албански на српски јазик, советувајќи ги водачите на Косовските Срби да земат учество во политичкиот живот на покраината.
„Вие Србите, како и сите други граѓани на Косово, имате и ќе имате иднина во демократско Косово“, рече Чеку. „Косово им припаѓа на сите и сите ние ќе создадеме едно општество кое ќе гарантира слобода, еднаквост, економски развој за сите луѓе без оглед на нивната етничката припадност“.
Чеку е оженет и има три деца.