Регионални извори

Кој е кој, Избори

Драган Чавиќ

претседател на Република Српска

(канцеларија на претседателот на РС)
photo

Драган Чавиќ стана претседател на Република Српска (РС) на 28 ноември 2002 година, по имплементацијата на општите избори одржани во октомври во Босна и Херцеговина. Тој го замени поранешниот претседател на ентитетот - Мирко Шаровиќ.

Чавиќ доби 35,9 отсто од гласовите наспрема 22,1 отсто за второпласираниот против-кандидат Милан Јелиќ. Одѕивот на гласачите на изборите беше 53,9 отсто.

Чавиќ е роден на 10 март 1958 година во Зеница. Основно и средно образование завршил во Бања Лука, а дипломирал на Економскиот Факултет во Бања Лука во 1980 година.

Работел како економист во неколку државни и приватни претпријатија, како финансиски менаџер и комерцијален директор.

Чавиќ е член на Демократската партија на Србите и бил на функцијата заменик-претседател на претседателството на партијата од јуни 1998 до март 2002 година. Партијата го избра за нејзин заменик-лидер во 2002 година.

Тој беше избран во парламентот на Република Српска, Националното Собрание, во 1998 година, но беше отстранет од страна на тогашниот Висок претставник Карлос Вестендорп заради опструкција на Дејтонскиот мировен договор. Отстранувањето значеше забрана за политичка активност, но одлуката беше поништена во јули 1999 година од страна на заменикот на Вестендорп, Волфганг Петриш.

Чавиќ беше на функцијата потпретседател на РС во периодот помеѓу 2000 и 2002 година.

Чавиќ е оженет и има син и ќерка.

Кој е кој

Архива

Рен, Oли

27/01/2005