![]() |
Педи Ешдаун ја превзема улогата на висок претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина (БиХ) од Волфганг Петрич во мај 2002.
Џереми Џон Дурам "Педи" Ешдаун е роден на 27 февруари 1941 во Индија. Ја посетува школата Бедфорд во Велика Британија. Помеѓу 1959 и 1972, Ешдаун служi во Кралските Маринци каде станува најмлад командант на специјалната бродска ескадра. Откако го совладува малајскиот јазик, оди во Хонг Конг во 1967 да учи кинески. Се враќа во Британија во 1970.
Во 1972 Ешдаун влегува во Министерството за Надворешни Работи - Форин Офисот. Помеѓу 1972 и 1976 служи во Британската Мисија во Обединетите Нации во Женева. Од 1976 се додека неговата компанија не се затвора во 1981, тој работи во локалната индустрија во Јовил. По четири месеци без работа, тој станува советник кој им помага на младите невработени луѓе.
Во 1983, Ешдаун е избран за член на парламентот за Јовил, претставувајќи ги Либерал Демократите. Тој е избран за лидер на Либерал Демократите во јули 1988 и е на чело на партијата до август 1999. Го напушта парламентот во 2001.
Ешдаун прв пат ја посетува БиХ за време на војната во 1992 е помеѓу оние кои повикуваа за посилна воена интервенција таму.
Како висок претставник, Ешдаун ќе ја надгледува имплементацијата на Дејтонскиот мировен договор. Тој ќе има надлежност да ги наметнува законите во државата и да разрешува избрани функционери. Ќе му биде доделена задача да го воспостави владеењето на правото, да ја подобри полицијата и правниот систем и да ги постави основите за поедноставен устав.
За време на неговиот двегодишен мандат, Ешдаун изјавува дека негова цел ќе биде да работи "со луѓето од Босна и Херцеговина со цел да ја придвижи земјата нанапред кон полна државност во склоп на Европа"