Најбараните лица на Хаг -- hronologija na nastanite

21/07/2008

Setimes.com

1942

12-ти март -- Ратко Младиќ е роден во Божиновиќи, Босна и Херцеговина.

1945

19-ти јуни -- Радован Караџиќ е роден во Петњица, Црна Гора.

1955

12-ти октомври -- Анте Готовина е роден на островот Пасман, Хрватска.

1958

7-ми септември -- Горан Хаџиќ е роден во Винковци, Хрватска.

1989-1990

Со падот на комунизмот низ цела Источна Европа, се отвори патот за распадот на Југославија. Додека Слободан Милошевиќ се обидува да ја наметне српската власт во федерацијата, се засилуваат националистичките и сепаратистичките движења во другите југословенски републики, особено во Хрватска и Словенија. На 20-ти јануари 1990 година хрватската и словенечката делегација се повлекоа од Конгресот на Сојузот на комунистите на Југославија.

1991

25-ти јуни – Словенија и Хрватска прогласија независност од Југославија, добивајќи меѓународно признавање во јануари 1992 година. Југословенската народна армија (ЈНА) се повлече од Словенија по 10-дневна војна. Во Хрватска, Југославија одговори со сила, но беше одбиена од новоформираната хрватска армија. Но, голем дел од хрватската територија падна под контрола на локалните Срби, кои формираа автономна република.

Јули-ноември -- Вуковар, мултиетнички град во источна Хрватска, паѓа под 87-дневна опсада од ЈНА, во соработка со локалните српски паравоени сили. Градот е во голема мера уништен, а неговото несрпско население е масакрирано или протерано. Двесте и педесет цивили во болницата во Вуковар се однесени на блиското поле и убиени по кратка постапка.

15-ти октомври -- Собранието на Босна и Херцеговина одлучи да ги повлече своите претставници од федералните институции додека не биде постигнат договор помеѓу сите југословенски републики. Овој потег не доби поддршка од босанските Срби.

24-ти октомври -- Босанските Срби се повлекоа од републичките политички институции и формираа сопствено собрание. Српската демократска партија, чиј коосновач е Караџиќ, прогласува „Српска автономна покраина“ во Босна и Херцеговина.

ноември -- Додека муслиманските и хрватски пратеници преземаат чекори за прогласување независност од Југославија, босанските Срби гласаат на референдум за формирање сопствена република во границите на БиХ, со намера да останат во Југославија.

1992

9-ти јануари -- Собранието на босанските Срби прогласува „Република на српскиот народ во Босна и Херцеговина“, подоцна позната како Република Српска. Следниот месец е усвоен и устав.

29-ти февруари-1-ви март -- Босна и Херцеговина одржа референдум за независност од Југославија. Помеѓу 64 и 67 отсто од лицата со право на глас учествуваат на референдумот, од кои 99 отсто гласаат за отцепување. Но, голем број босански Срби го бојкотираат гласањето.

6-ти април – ЈНА и силите на босанските Срби се позиционираат околу Сараево, започнувајќи ја блокадата на градот, односно четиригодишната опсада на градот.

мај -- Караџиќ станува водач на политичката администрација на босанските Срби, со седиште во Пале.

2-ри мај – Од своите позиции на ридовите околу градот, ЈНА и српските сили го започнуваат бомбардирањето на Сараево. За време на опсадата, скоро 10.000 луѓе се убиени или исчезнати, вклучително 1.500 деца. Други 56.000 се ранети. Градот е напаѓан просечно со 329 гранати дневно, при што врвот е достигнат со 3.777 гранати на 22-ри јули 1993 година.

12-ти мај -- Младиќ е назначен за командант на новоформираната Армија на Република Српска.

1995

јули -- Силите на босанските Срби под команда на Младиќ ја преземаат контролата на заштитената област на ОН во Сребреница. По окупирањето на градот, тие убиваат илјадници мажи и машки деца од босанските муслимани, вршејќи го најголемото злосторство во Европа по Втората светска војна.

јули -- Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) издава обвинение за Караџиќ и Младиќ, во кое ги товари за злосторства против човештвото, кршење на законите на војувањето и сериозно кршење на Женевската конвенција. Во ноември обвинението е проширено за злосторствата во Сребреница.

Обвиненија за Караџиќ: Геноцид, соучество во геноцид, истребување, убивање, прогон, депортација, нехумани дејства, незаконско спроведување терор врз населението, земање заложници. Обвиненија за Младиќ: Геноцид, соучество во геноцид, прогон, истребување, убивање, депортација, нехумани дејства, земање заложници.

4-ти - 6-ти август -- Хрватските сили, под команда на Готовина, ја спроведуваат операцијата Бура, враќајќи ја контролата над територијата што ја презедоа хрватските Срби. Во тој процес, околу половина милион Срби избегаа или беа протерани.

4-ти август -- Караџиќ неуспешно се обидува да го отстрани Младиќ од функцијата командант на босанската армија, опишувајќи го како „лудак“.

8-ми – 30-ти септември -- Готовина и хрватската армија ја спроведуваат операцијата Мистрал во Босна и Херцеговина, здружувајќи се со босанските Хрвати и напредувајќи на 23 километри од Бања Лука.

14-ти декември -- Во Париз е официјално потпишан Општиот рамковен договор за мирот во Босна и Херцеговина (Дејтонски договор). Еден од условите во мировниот договор предвидува забрана за обвинети за воени злосторства да се занимаваат со политика.

1996

19-ти јули -- Караџиќ поднесе оставка од функцијата претседател на Република Српска и се согласи да се повлече од јавниот живот. Подоцна, како што се зголемува притисокот за негово апсење и екстрадиција, тој почнува да се крие.

9-ти ноември -- Наследничката на Караџиќ на претседателската функција, Билјана Плавшиќ, го отпушта Младиќ. Тој оди во Белград и потоа почнува да се крие.

2001

јули -- МКТЈ покрена обвинение против Готовина за злосторства против човештвото и кршење на законите и обичаите на војувањето, товарејќи го за лична и командна одговорност за насилството врз хрватските Срби за време на операцијата Бура. По издавањето на обвинението, Готовина почнува да се крие.

2004

21-ви мај -- Хаџиќ е обвинет од Хашкиот трибунал по 14 точки за кршење на законите или обичаите на војувањето, вклучително и за првите злосторства во балканските конфликти -- масакрот од болницата во Вуковар. Три дена пред да биде објавено обвинението на 16-ти јули, Хаџиќ бега од својот дом во Нови Сад. Тој сé уште е во бегство.

2005

7-ми јули -- Припадниците на НАТО го апсат синот на Караџиќ, Александар, под сомневање дека помагал на осомничен за воени злосторства. Тој е ослободен по 10 дена.

28-ми јули -- Сопругата на Караџиќ, Лилјана Зелен Караџиќ, јавно го повикува да се предаде, велејќи дека неговото семејство е под притисок поради неговиот бегалски статус.

7-ми декември -- Готовина е уапсен во одморалиште на Тенерифе.

2008

21-ви јули -- Радован Караџиќ е уапсен во Белград. Тој живеел таму под лажното име „д-р Драган Дабиќ“, претставувајќи се како гуру за здравје и духовност.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Македонија се надева дека ќе го привлече вниманието на НАТОМакедонија се надева дека ќе го привлече вниманието на НАТО

Претставници на НАТО ќе се сретнат во Чикаго овој месец.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Дали мислите дека Македонија ќе добие покана за членство во НАТО на самитот на организацијата во Чикаго во мај?

Да, Македонија ги исполни сите услови за членство во НАТО
Не, Грција сé уште стои на патот
Можеби
Не знам



Види ги резултатите Додадете коментар