06/02/2006
Есента 2005-та година, законодавците во двата ентитета во Босна и Херцеговина усвоија историски договор подготвен од страна на Комисијата за реформи во одбраната. Со него се укинува воената обврска, се создава едно министерство за одбрана на државно ниво и се формира една професионална армија прилагодена на потребите на БиХ, потребите за регионална стабилност и условите за влез во меѓународната воена заедница. Договорот, клучен чекор на патот кон евро-атлантска интеграција на БиХ, исто така, ја одразува посветеноста на НАТО, која трае една деценија, за обезбедување на една стабилна иднина за босанскиот народ.
Од Дерек Чепл, портпарол, команда на НАТО во Сараево – 06/02/06
![]() |
Во една пост-конфликтна земја како што е Босна и Херцеговина (БиХ), најтежок предизвик е да се сврти вниманието на јавноста од минатото кон сегашноста, а на крајот и кон иднината.
Кога таа промена ќе се случи зависи од луѓето во БиХ, како и од нивното мислење за стабилноста, безбедноста, можностите и напредокот што им ги нуди нивното општество, како и од нивното чувство за националност и заедничка иднина.
Меѓународните организации како што е НАТО не можат да го наметнат националното чувство во БиХ. Улогата на НАТО е да ги стимулираат условите во кои ваквите чувства и мислења можат да се појават и да бидат изразени во општеството. Намерата на НАТО е да послужи како катализатор за промени кои ќе ја отстранат потребата за нивно продолжено присуство во БиХ.
Оваа мисија бара чувствителност на променливите околности, како и еволуција на мандатот и функциите на НАТО со настанувањето на промената.
Еволутивно присуство
НАТО е во БиХ веќе 10 години. Во тој период, со тарнсформирањето на самата земја се трансформира и мисијата и вниманието на НАТО. Нивното внимание сега е насочено кон иднината – кон создавање на една нација преку формирање на една армија на државно ниво под цивилна команда.
Силите за имплементација предводени од НАТО (ИФОР) кои беа испратени во БиХ во 1995-та година имаа за задача да ги раздвојат завојуваните фракции и да создадат една средина во која мировниот договор ќе може да се спроведе.
Кога, една година подоцна, ИФОР еволуираше во СФОР, новата мисија на НАТО имаше друга задача, да ги спречи воените судири, да го стабилизира мирот и да придонесе за создавање на една безбедна средина. Со таа промена улогата на НАТО премина од преокупираност со потребата за безбедност кон активно учество во изградбата на едно остварливо цивилно општество.
Церемонијата по повод прекомандата одржана на 2 декември 2004-та година, со која беше ставен успешен крај на мисијата СФОР на НАТО и беше отворен нов штаб на НАТО во Сараево, беше признание на една друга промана – таа од успешно соочување со предизвиците на повоената стабилизација кон стимулирање на изградба на нацијата и интеграција на БиХ во европските институции.
Градење на национална компетентност
Иако можеби сега НАТО има помало реноме во БиХ отколку претходно, нејзините задачи се дури и поважни за иднината на земјата. Нејзината задача е да спроведе реформи во одбраната, клучен предуслов за европска интеграција, членство во програмата Партнерство за мир (ПзМ) и евентуално полноправно членство во НАТО.
Причина за оваа промена беше Комисијата за реформи во одбраната (КРО) со која ко-претседава НАТО од јануари 2005-та година.
Високиот претставник Педи Ешдаум ја формира КРО во мај 2003-та година, давајќи и задача да ги изготви правните и уставните промени потребни за БиХ да стане уверлив кандидат за ПзМ.
12 члена на комисијата и четирите набљудувачи за прв пат ги собраа заедно под единствен мандат локалните претставници и меѓународните заедници вклучени во безбедноста на БиХ и ја фокусираа нивната работа врз одредена група на институционални реформи.
Клучните реформи вклучија создавање на една државна, структура под цивилна команда и контрола со министерство за одбрана на државно ниво; демократска парламентарна контрола и надзор, транспарентност на плановите за одбраната и буџетите; општа доктрина и стандарди за обука и опрема. Овие очекувања ги дадоа надзорот што и беше даден на КРО во 2003-та година.
Армијата на БиХ се базираше врз еден застарен систем со задолжтелен воен рок наследен од Социјалистичка Федеративна Република Југославија, според кој годишно во војска беа повикувани 12 400 мажи од Федерацијата БиХ (ФБиХ) и Република Српска (РС). Регрутите беа повикувани секои два месеци за да служат четири месеци. Тие добиваа само два месеци вистинска обука и беа во најголем дел користени како работна сила или чувари. По отслужувањето на четиримесечниот воен рок, регрутите се враќаа на граѓанскиот живот како припадници на една резервна војска, која броеше 60 000. На овие резервисти никогаш не им беше обезбедена дополнителна обука од два месеци.
Регрутите ја добиваа само најосновната воена обука. Условите за живеење и работа беа под пропишаните норми како резултат на финансиските ограничувања. Системот не создаде една обучена армија и поради непрекинатиот прилив на нови регрути, бројот на резервната војска наскоро го надмина својот овластен број. Трошоците за овој застарен систем беа високи. Во ФБиХ годишниот трошок за воениот рок и резервната војска изнесуваше 46 милиони КМ, додека пак во Република Српска 15 КМ или 22 отсто од буџетот за одбраната на ентитетот.
Овие трошоци не создадоа ефикасна војска, не ги задоволија потребите на БиХ и ја осакатија војската преку пренасочување на средствата од основните подобрувања на опремата, обуката и условите за живеење.
Што се однесува до командата и контролата, дуплирањето и некомпатибилноста на институциите на одбраната на двата ентитети кои оперираа на територијата на една држава се очигледни. Препораките на КРО во 2003-та година резултираа со формирање на два синџири на команда – административна и оперативна – и двата кулминираа во Претседателството со министерство за одбрана на државно ниво како одговорен, извршен сектор. Сепак, секојдневните операции на вооружените сили остануваа на ниво на ентитетот.
Овластувањата на државата беа ограничени на поставување на стандарди, а до крајот од 2004-та година беше јасно дека дури и ова беше одбиено. Заедно со индикациите дека елемнти на оперативните и административните синџири на команда не беа под целосна контрола ниту на државата, ниту пак на ентитетите, КРО доби овластување да ги префрли останатите надлежности на ентитетите кон државата и целосно да ги затвори институциите на одбраната во ентитетите.
Патот што претстои
Договорот што беше изготвен од страна на КРО и одобрен од собранијата на двата ентитети есента 2005-та година е историско достигнување. Со овој закон се укинува задолжителниот воен рок, се создава едно министерство за одбрана на државно ниво и се формира една професионална армија прилагодена на потребите на БиХ, потребите за регионална стабилност и условите за влез во меѓународната воена заедница.
Неефикасниот систем со задолжителен воен рок беше укинат на 1-ви јануари 2006-та година, кога беа затворени и министерствата за одбрана во ентитетите. Новата армија на БиХ ќе се состои само од професионален кадар. Неефикасната резервна војска беше, исто така, укината на 1-ви јануари 2006-та година и беше заенета со нова Активна резервна војска составена од професионалци кои имаат отслужено активна воена служба. Нејзиниот број ќе биде ограничен на половина од активната воена служба.
Новата армија ќе се состои од 10000 војници,организирани во полковски систем кој ќе ги зачува соодветните воени традиции и наследство од поранешните армии на ентитетите. Ќе има три пешадиски полкови, со помали ограноци организирани како единствени полкови. Секој од пешадиските полкови ќе обезбеди по еден баталјон за секоја од трите пешадиски бригади на армијата на БиХ, така што секоја бригада ќе содржи три баталјони, по еден од секој полк. Ова е најважниот новитет за армијата на БиХ, која претходно беше главно организирана врз основа на луѓето што ја сочинуваа.
Државната контрола е обезбедена преку единствен синџир на команда кој поминува од претседателството на БиХ кон министерот за одбрана, потоа кон началниците на штабот и на крајот кон командите на оперативната и заштитната команда. На 1-ви јануари 2006-та година стапи на сила единствен државен буџет за одбраната. До 1-ви јули 2007-та година, новиот бригаден штаб ќе биде ставен во функција, а до 31-ви декември 2007-та година реорганизацијата треба да биде завршена.
Новите бооружени сили на БиХ ќе бидат обучени, организирани и опремени според стандардите на НАТО. Тие ќе бидат организирани со цел да учествуваат во колективните безбедносни мисии надвор од земјата, да земат учество во мировните операции, како и да им помогнат на цивилните власти да се справат со природните и катастрофите предизвикани од човекот.
Под единствена цивилна контрола армијата ќе стане извор за стабилност и доверба кај народот.
Политички преседан
Примерот дека поставувањето на процесот на реформи во одбрана е важно колку и самите реформи. Работејќи преку локалните лидери и институции, беше постигнат еден историски консензус кој ги става интересите на државата над тесноградите политички интереси. Умереното и напредно политичко лидерство во БиХ, како и гласот за разум и професионализам преовладуваат на историските искуства и емоции на разделување. Новата армија на БиХ ќе ја потпомогнат државната безбедност и ќе обезбеди регионална стабилност преку интеграција во евро-атланските структури.
НАТО е задоволна штое и олеснувач и катализатор во помагањето на БиХ да напредува по Дејтон, од стабилизација кон интеграција и од поделбите во историјата кон нови можности во иднина.