ММФ ѝ исплати 3,4 милијарди евра на Грција

04/06/2014

Фондот рече дека Атина нема да мора да воведе нови мерки на штедење оваа година. Исто така во бизнис-вестите: Бугарија води во регионот во Основниот индекс на профитабилност на списанието „Форин полиси“.
photo

Демонстрантите се здружуваат против мерките за штедење во април. ММФ рече дека на Грција не ѝ требаат нови мерки на штедење оваа година. [АФП]

ММФ се согласи да ѝ исплати нова рата од 3,41 милијарди на Грција. До денес, фондот ѝ позајмил на земјата 11,6 милијарди евра според четиригодишната програма. Фондот, исто така,предложи дека Атина нема потреба да усвојува нови мерки на штедење оваа година.

***

Светска банка одобри два буџетски заеми заАлбанија, во вкупен износ од 162 милиони евра. Парите ќе се користат за поддршка на буџетот на земјата, особено за проблемите со заостанатите долгови, како и за владините реформи во даночниот, пензискиот и енергетскиот сектор.

***

Шведска ќе даде помош во вредност од 400 милиони евра за Западен Балкан, за да им помогне на земјите од регионот да ги спроведат реформите што им се потребни за да се квалификуваат за пристапување во ЕУ. Средствата ќе им помогнат на Албанија, наБосна и Хецеговина, на Косово и на Србија да ги преструктуираат јавната администрација и судството, како и за заштитата на човековите права.

***

Бугарија се рангираше на 28. место, најуспешно меѓу своите балкански соседи во Основниот индекс на профитабилноста во списанието „Форин полиси“ што ја мери привлечноста на земјите за странските инвеститори. Македонија е 29., по што следи Романија на 43., Албанија на 53., Србија на 55., Турција на 79., Хрватска на 90. и Грција на 101.

***

Европската банка за обнова и развој рече дека штетите од поплавите во Србија и во Босна и Херцеговина (БиХ) ќе чинат околу 3 милијарди евра. За Србија, процената е од 1,5 до 2 милијарди евра, додека за БиХ е околу 1,3 милијарди евра, рече банката.

***

Повторното обединување на Кипар ќе донесе мировна дивиденда од 20 милијарди евра за островот, вели студијата со наслов „Повторен преглед на кипарската мировна дивиденда“, финансирана од Шведска, Данска, Финска и од Норвешка. Според извештајот, мировна спогодба ќе ги зголеми доходите по жител за околу 12.000 евра годишно, додека БДП ќе се зголеми за 2,8 процентни поени годишно за период од 20 години.

***

Швајцарија ќе ги продолжи рестрикциите на пазарот на трудот за Бугарите и за Романците до 31. мај 2016 година. Одлуката ги вклучува сите работници или даватели на услуги во определени економски сектори, како на пример, градежништвото и одгледувањето цвеќиња.

***

Поврзани написи

Loading

„Никеи бизнис пабликаејшнс“ од Јапонија се сопственици на 80 отсто од акциите на турската издавачка група „Мулту дерги грубу“, која ќе се вика „Никеи-мулту дерги грубу“ и ќе има седиште во Истанбул. Компанијата има договори за лиценци со „Тајм инк.“ и други познати издавачи.

***

Германската компанија „Техникал текстајл“ ќе инвестира 12 милиони евра за истражување и за развој во фабрика во македонскиот град Штип. Раководството на фирмата намерава да вработи 500 - 600 работници.

(Разни извори - 28.5.2014 - 4.6.2014)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Focus on Ukraine

Репортажа

Армиите на Балканот покажуваат соработка во кризни ситуацииАрмиите на Балканот покажуваат соработка во кризни ситуации

Експертите и официјалните претставници се согласуваат дека соработката помеѓу вооружените сили се покажува како скапоцена во справувањето со природните непогоди.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Војските во Југоисточна Европа работат заедно да им помогнат на граѓаните во соседните земји во вонредни ситуации и катастрофи. Дали ги поддржувате дополнителните вежби за соработка за поддршка на оваа мисија?

Да
Не
Не знам