Земјите очекуваат помалку руски туристи

21/05/2014

Бугарија и Црна Гора летово очекуваат пад на бројот руски туристи. Исто така во бизнис-вестите: Европската банка за реконструкција и за развој ќе инвестира 500 милиони евра во Кипар.
photo

Се очекува да се намали бројот руски туристи кои го посетуваат регионот летово. [АФП]

Во извештај на Европската банка за реконструкција и за развој се вели дека ескалацијата на состојбата во Украина влијае на економиите во регионот. Бугарија и Црна Гора може да забележат пад на бројот на руски туристи, но Србија одржува силни трговски врски со Русија, додаде банката. Таа ја намали својата прогноза за раст за земјите од поранешниот Советски Сојуз, од Источна Европа и за Турција на 1,3 отсто, од 2,8 отсто во јануари.

***

Европската банка за реконструкција и за развој ќе инвестира 500 милиони евра во Кипар за да ѝ помогне на земјата да закрепне од економската криза. Одлуката следеше по барањето за финансирање од страна на Кипар и ќе ја надополни меѓународната програма за спас на островот во вредност од 10 милиони евра.

***

По шест години во високоризична територија, рејтинг-агенцијата „Стандард и пурс“ го надгради долгорочниот и краткорочниот државен кредитен рејтинг во странска и во домашна валута на Романија од BB+/B на стабилен BBB-/A3. Одлуката беше донесена во светло на брзиот напредок на Романија кон подобрување на надворешно-трговските биланси.

***

Гласачите во вториот по големина град во Грција, Солун, и во 10 општини во регионот гласаа против приватизирањето на солунското претпријатие за водовод и за канализација. Референдумот се одржа со цел да се испита јавното мислење за продажбата, што е дел од напорите на владата да ги исполни своите обврски предвидени со меѓународниот пакет за спас.

***

Албанската економија ги исполни сите таргети поставени од ММФ за програмата за заем од 330,9 милиони евра, рече Надим Илахи, тим-лидерот на ММФ Албанија. Сепак, земјата треба итно да спроведе реформи во секторот за електрична енергија, што претставува сериозен фискален ризик.

***

Македонската, бугарската и загребската берза основаа заедничко препријатие со седиште во Скопје, со цел да создадат регионална инфраструктура што ќе им служи на компаниите што котираат на трите берзи. Берзите изразија надеж дека во иднина на овој проект ќе му се придружат и други берзи од регионот.

***

„Јуропиан костал ерлајнс“ летово за првпат планира да отпочне со услуги со водени авиони во Хрватска. Крајбрежните градови ќе бидат поврзани со островите што се најатрактивни за туристите. Линијата се очекува да отпочне со работа на 1 август, со летови од Сплит до Јелса, на островот Хвар.

***

Поврзани написи

Loading

Три меѓународни конзорциуми за нафта и гас поднесоа понуди за права за истражување и за дупчење во црногорското јадранско крајбрежје. За договорот, кој би се потпишал до крајот на 2014 година, ќе се конкурираат американската „Маратон оил корпорејшн“ и австриската енергетска компанија „ОМВ“; италијанската „Ени“ и руската „Новтек“, како и британската „Медитеранеан оил енд гас плц“ и грчката „Енергеан оил енд гас“.

***

Министерот за финансии на Кипар, Харис Георгијадес, рече дека земјата го доби четвртиот по ред позитивен извештај од страна на меѓународните кредитори во поглед на пакетот за спас. Тој рече дека годинава економијата ќе се намали за помалку од предвиденото: за 4,2 отсто, што е за 0,6 отсто подобро од очекуваното.

(Разни извори - 14.5.2014-21.5.2014)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Focus on Ukraine

Репортажа

Армиите на Балканот покажуваат соработка во кризни ситуацииАрмиите на Балканот покажуваат соработка во кризни ситуации

Експертите и официјалните претставници се согласуваат дека соработката помеѓу вооружените сили се покажува како скапоцена во справувањето со природните непогоди.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Војските во Југоисточна Европа работат заедно да им помогнат на граѓаните во соседните земји во вонредни ситуации и катастрофи. Дали ги поддржувате дополнителните вежби за соработка за поддршка на оваа мисија?

Да
Не
Не знам