12/12/2012
Извозот во Србија се покачи за 3,4 отсто во споредба со минатата година. Исто така во бизнис-вестите: Кипар ќе ги намали платите во јавниот сектор, а парламентот на БиХ го усвои буџетот за 2013 година.
![]() Извозот на Србија го зголемија продажбите на возила и на нафта. [AФП] |
Српскиот министер за финансии Млаѓан Динкиќ изјави дека извозот ќе се зголеми за најмалку 25 отсто во 2013 година благодарение на зголемената продажба на возила и на нафтени производи во странство. Во првите десет месеци од оваа година, вкупниот износ од српскиот извоз изнесуваше 7,24 милијарди, за 3,4 отсто поголем од истиот период пред една година.
***
Во петокот (7. декември), Кипарскиот парламент усвои големи намалувања на платите во јавниот сектор и повисоки даноци како дел од предложениот меморандум за извлекување од кризата што беше постигнат со меѓународните кредитори. Мерките кои беа изгласани едногласно и почнаа веднаш да се применуваат, предвидуваат намалување на платите во јавниот сектор за 6,5 и 12,5 отсто.
***
Во средата (5. декември), на бизнис-форумот во Тирана, бизнисмените на трите земји рекоа дека соработката меѓуАлбанија, Грција и Турција може ефикасно да ги олесни последиците од глобалната финансиска криза. Учесниците го истакнаа инвестицискиот потенцијал на Албанија во областа на туризмот, трговијата и технологијата.
***
Турскиот економски раст е најбавен од 2009 година, во понеделникот (10. декември) покажаа официјалните податоци. Во периодот БДП порасна за 1,6 отсто на годишно ниво, откако порасна за 3 отсто во вториот квартал и ревидирани 3,4 отсто во првиот квартал. Владата очекува растот за целата година да биде 3,2 отсто.
***
Во понеделникот (10. декември) во извештајот на весникот „Дневник“ пишуваше дека во обидот да се промовираат странските инвестиции,Македонијаусвои низа мерки, вклучувајќи и нудење државјанство. Според предлогот, странците кои ќе инвестираат најмалку 400.000 евра во земјата и ќе отворат 10 работни места, ќе можат да поднесат барање за македонски пасош.
***
Босанско-херцеговачкиот (БиХ) парламент го усвои буџетот на земјата за 2013 година, предуслов за одобрување на следната рата од 60 милиони евра од стенд-бај аранжманот од 405 милиони евра со ММФ. БиХ веќе доби 60 милиони евра од двегодишниот заем кој го доби во септември.
***
Во понеделникот (10. декември) Европската банка за обнова и развој) и Ерсте & штаермеркише банк д.д. објавија дека ќе им дадат заем од 40 милиони евра на малите бизниси и на поединечните клиенти воХрватска. Средствата ќе се нудат преку инвестициски заеми и објекти за обртен капитал наменети да ја поттикнат конкурентноста на малите и на средните претпријатија.
(Разни извори – 28.11.2012 – 05.12.2012)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's