02/05/2012
Турска компанија ја купила црногорската „Жељезара АД Никшиќ“ која има долг од 193 милиони евра. Исто така во бизнис-вестите: ММФ ќе му даде заем на Косово во износ над 100 милиони евра за да создаде готовинска резерва за земјата.
![]() Црногорската железарница „Жељезара АД Никшиќ“ се наоѓа под стечај. [Датотека] |
Во понеделникот (30. април), во Подгорица, министерот за економија објави дека турската компанија „Тосчелик профил ве сак ендустриси АС“ платила 15,1 милиони евра за црногорската железарница „Жељезара АД Никшиќ“. Оваа зделка е првата успешна по четирите неуспешни обиди да се продаде претпријатието кое е во стечај една година и има долгови од 193 милиони евра.
***
Во понеделникот (30. април), романскиот леј падна на рекордно ниско ниво, дочекувајќи го вториот ден на големи загуби по неочекуваниот пад на владата минатата недела. Од петокот лејот е за 1,6 отсто помалку од еврото кое се разменуваше за 4,442 леи.
***
Во неделата (29. април), Црна Гора стана полноправен член на Светската трговска организација и со тоа стана 154. земја која стапила во нејзините редови. Протоколот за пристапување на земјата беше потпишан во декември минатата година. Владата очекува членството да ги поттикне странските инвестиции.
***
Во петокот (27. април) ММФ одобри заем од 106,6 милиони евра за Косово по прекинувањето на финансирањето во согласност со претходниот договор од 109 милиони евра минатата година заради спор во врска со унилатералното нагло зголемување на платите на државните службеници. Новиот 20-месечен стенд-бај договор ќе помогне да се намалат финансиските притисоци и ќе ѝ помогне на владата да создаде готовинска резерва, изјавија од Фондот.
***
Во петокот (27. април), грчката влада одобри план за да им даде обврзници од Европскиот привремен фонд за спас на четири локални банки - Национална банка на Грција, ЕФГ, Еуробанк ергасиас СА, Алфа банк АС и Пираеус банк СА. Според планот, како што цитираа локалните медиуми, банките ќе добијат вкупно 18 милијарди евра уште следната недела како привремен прилив на капитал.
***
Кина ќе дава кредити и средства во износ од 8,1 милијарди евра за да ја поттикне деловната соработка со економиите во Централна и во Источна Европа. Ова беше кажано во текот на посетата на премиерот Вен Џиабао во Варшава во четвртокот (26. април), каде што присуствуваше на голем трговски форум со водачите на 15 земји, вклучувајќи ги тука Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Романија и Србија.
***
Во вторникот (1. мај), цените на плин и електрична енергија во Хрватска се зголемија за двоцифрен износ. Целта на овој чекор е да се зголеми заработувачката на локалните компании за електрична енергија. Одлуката, одобрена од страна на владата минатата недела, ќе ги зголеми сметките за плин и цената на електричната енергија за 22 отсто. Делот од националната индустрија што добива плин директно нема да биде зафатен со наглото зголемување, но цените на плинот за училиштата, болниците и некои индустриски сектори ќе се зголемат за 6,75 отсто.
***
Во четвртокот (26. април), Европската банка за обнова и за развој изјави дека го продолжила заемот од 150 милиони евра за Босна и Херцеговина наменет за финансирање на дел од изградбата на автопатот помеѓу Бања Лука и Добој во западниот дел на земјата. Заемот е за период од 15 години.
***
Во извештајот од петокот (27. април) на консултантската куќа за трговија на мало „Колиерс“, цените за изнајмување и за одмор за канцеларии и за недвижнини во трговијата на мало ќе бидат стабилни во првата половина на оваа година по намалувањето во втората половина на минатата година. Има голема побарувачка, а пазарот е и понатаму динамичен, додаде компанијата. Кон крајот на минатата година, стандардната цена за изнајмување на канцелариски простории во центарот на Тирана изнесувала 17 до 24,5 евра за квадратен метар месечно.
(Разни извори - 25.04.2012-02.05.2012)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's