11/04/2012
Ветувајќи даночни олеснувања, албанскиот премиер ги повикува турските претпријатија да инвестираат. Исто така во бизнис-вестите: претставниците на 50 земји се собраа во Истанбул да учествуваат на 15. Евроазиски економски самит.
![]() Премиерот Сали Бериша (десно, со турскиот премиер Таип Реџеп Ердоган) пристигна во Анкара на Турско-албанскиот деловен форум. [Ројтерс] |
Албанскиот премиер Сали Бериша ги поттикна турските компании да инвестираат во неговата земја, ветувајќи им даночно олеснување за период од 8 години. Повикот беше направен во петокот (6. април) на Турско-албанскиот деловен форум што се одржа во Анкара. На настанот присуствуваа повеќе од 100 бизнисмени од Турција и 60 претставници на албански претпријатија.
***
Во вторникот (10. април), услугите за пренос со фери-бродови до островите во Грција беа прекинати со 48-часовен штрајк во организиран протест против намалувањето на бенефициите и неисплатените плати. Овој настан се случува неколку дена пред православниот Велигден, период во кој има многу туристи.
***
Во понеделникот (9. април), архиепископот Крисостомос II рече дека кипарската црква сака да инвестира во енергетскиот сектор и во банките на островот. Црквата особено ги разгледува можностите за произведство на соларни панели и за изградба на постројка за производство на електрична енергија, додаде Крисостомос II, објаснувајќи дека целта е да се помогне да се подобри економијата и да се отворат работни места.
***
Во вторникот (10. април), претставниците на 50 земји се собраа во Истанбул, Турција на 15. Евроазиски економски самит. Меѓу учесниците беа и албанскиот претседател Бамир Топи, црногорскиот, Филип Вујановиќ, и македонскиот, Ѓорѓе Иванов.
***
Петар Котески од Битола ја освои овогодишната награда за најдобра деловна идеја во Македонија. Го освои првото место и награда од 10 000 ЕУР за неговиот проект наменет за развивање и продажба на видео игри на светскиот пазар. Конкурсот, кој привлече 104 деловни идеи од 23 градови, се одржа како дел од проектот „Фабрика за деловни идеи“.
***
Агенцијата за рангирање „Мудис инвесторс сервис“ го намали спекулативниот кредитен рејтинг на Босна и Херцеговина за еден степен, од Б2 на Б3, наведувајќи ја како причина влошената финансиска ситуација и поголемите политички ризици во земјата. Агенцијата предупреди дека можеби ќе има и идни намалувања.
***
Во саботата (7. април), економскиот министер Луцијан Боде изјави дека Романија решила да се откаже од договорот за продавање на својот најголем бакарен рудник, Купру мин абруд, на канадската компанија „Копер корп“. Двете страни не успеале да се усогласат за договорот. „Роман копер“ победи на тендер за рудникот минатиот месец, нудејќи 200,8 милиони евра во конкуренција со австралиската фирма „ОЗ минералс лтд.“, холандската „Данди холдинг“ и бугарската „Елатсит мед А.Д.“.
***
Во петокот (6. април), српската Централна банка најави дека продала 50 милиони евра за да ја забави брзината на депрецијација на локалната валута откако го достигна најниското ниво овие недели. Динарот изгуби 4,27% од својата вредност од почетокот на годинава.
***
На 4. април, германската банка за развој „Кредитансталт фуер видерауфбау“ објави на 4. април дека ќе им даде на заем 17,5 милиони евра на шест српски градови за да ги унапредат водоводните и канализациските системи. Банката подготвува уште 90 милиони евра за слични проекти во уште 11 општини.
***
Во понеделникот (9. април), Турција и Кина потпишаа неколку договори, вклучувајќи и договор за соработка во користењето на нуклеарна енергија за мирољубиви цели. Договорите ги потпишаа во Пекинг, во присуство на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган и неговиот кинески колега Вен Јиабао.
(Разни извори - 04.04.2012-11.04.2012)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's