Намалена е цената за изнајмување на грчките историски споменици

25/01/2012

Грчките власти издадоа „црн список“ на субјекти што избегнуваат плаќање данок во земјата. Исто така во бизнис-вестите: се очекува Хрватска да има финансиски придобивки од нејзиното приклучување во ЕУ.
photo

Партенонот може да се изнајми за околу 1.000 евра за фотосесија. [Ројтерс]

Минатата седмица, грчките културни власти најавија планови да ги нудат историските споменици во земјата за потребите на филмската и модната индустрија во обид да се надомести намалувањето на јавното финансирање. Иако повеќето историски места и претходно можеле да се изнајмат, според новите планови, цената за изнајмување е помала за 60 отсто. Сите проекти ќе мора да бидат одобрени од страна на грчкиот археолошки совет пред да се дозволи нивното реализирање.

***

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) рече дека регионот ќе почувствува поголеми последици од должничката криза отколку што се очекувало претходно. Во својата последна процена на економиите во Централна и во Источна Европа што беше објавена во вторникот (24. јануари), банката сега предвидува дека седумте балкански економии ќе забележат економски раст од само 1 отсто оваа година, а во октомври предвидуваше раст од 1,6 отсто.

***

Во понеделникот (23. јануари) агенцијата за рангирање „Фич“ рече дека хрватската економија ќе почувствува опипливи придобивки од идното пристапување во ЕУ на земјата. Изјавата следеше откако во неделата земјата изгласа референдум за приклучување во ЕУ.

***

Во неделата (22. јануари), грчките власти објавија „црн список“ на субјекти што избегнуваат плаќање данок во земјата во уште еден обид да наплатат долгови за да подобрат дел од својата ослабена финансиска состојба. Таканаречениот „срамен список“ вклучува имиња на повеќе од 4.000 лица, вклучувајќи и бизнисмени и славни личности што не платиле данок во износ поголем од 14 милијарди евра.

***

Во понеделникот (23. јануари), агенцијата за рангирање „Мудис“ предупреди дека протестите против мерките за штедење и за здравствената реформа во Романија можат негативно да влијаат врз кредитниот рејтинг на земјата затоа што ќе ѝ отежнат на Владата да ги изврши саканите реформи. Во моментот Романија е рангирана како Баа3 - инвестициски рејтинг со позитивни изгледи.

***

Три турски града се најдоа на списокот на светски брзорастечки метрополски економии. Извештајот на „Брукингс институшн“, „Глобал метро монитор 2011“ на четврто место ја става провинцијата Измир, Анкара на шесто, а Истанбул на седмо место. Списокот проценува 200 метрополски економии врз основа на фактори како што се приходите и вработувањето по глава на жител.

***

Во средата (18. јануари), бугарскиот парламент реши да забрани хидраулично дупчење во земјата, а казната за прекршување е 50 милиони евра за сите прекршители. Одлуката, што ги попречи плановите на „Шеврон корпорејшн“ да истражува извори на гас од шкрилци во североисточниот дел на земјата, била донесена под притисок на јавните протести.

***

Поврзани написи

Loading

ММФ ја одложи првата ревизија на превентивниот аранжман од 1 милијарда евра склучен со Србија поради буџетските планови на земјата за 2012 година. Конкретно, ММФ се плаши дека некои големи инвестициски проекти можат да ги загрозат важечките ограничувања за јавни долгови и за фискални дефицити. Јуриј Бајец, економски советник на премиерот Мирко Цветковиќ, рече дека за две недели следат разговори на таа тема.

***

Во неделата (22. јануари), албанското министерство за економија и соодветното министерство на Обединетите Арапски Емирати потпишаа спогодба за зајакнување на економската, трговската и техничката соработка помеѓу двете земји. Спогодбата предвидува барање на можни области за соработка во сферата на индустријата, земјоделството, превозот, телекомуникациите, туризмот, трговијата и инвестирањето.

(Разни извори - 18.01.12-26.01.2012)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Македонија се надева дека ќе го привлече вниманието на НАТОМакедонија се надева дека ќе го привлече вниманието на НАТО

Претставници на НАТО ќе се сретнат во Чикаго овој месец.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Дали мислите дека Македонија ќе добие покана за членство во НАТО на самитот на организацијата во Чикаго во мај?

Да, Македонија ги исполни сите услови за членство во НАТО
Не, Грција сé уште стои на патот
Можеби
Не знам



Види ги резултатите Додадете коментар