Дипломатски дневник: Турција и БиХ работат на зајакнување на врските

07/09/2010

Абдула Ѓул беше во историска посета на Босна и Херцеговина. Исто така во дипломатските вести: Хрватска и Србија воспоставија безбедни видео-врски за да й помогнат во работата на својата полиција заедно.
photo

Претседавачот на трипартитното претседателство на Босна и Херцеговина, Харис Силајџиќ (десно), се поздравува со турскиот претседател Абдула Ѓул во Сараево. [Getty Images]

Tурскиот претседател Абдула Ѓул беше во дводневна посета на Босна и Херцеговинa која почна во четвртокот (2-ри септември). Тој беше придружуван од делегација на министри, парламентарни членови и бизнисмени. Ѓул, првиот турски шеф на државата кој ја посети БиХ во изминативе четири години, се состана со членовите на трипартитното претседателство на земјата, премиерот Никола Шпириќ, парламентарни членови и со високиот претставник Валентин Инцко.

***

Српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ и неговиот хрватски колега Томислав Карамарко говореа во понеделникот (6-ти септември) преку видео-врска воспоставена за зајакнување на полициската соработка меѓу двете земји. Дачиќ рече дека воспоставувањето на врската е прва фаза од проектот за регионален центар за размена на оперативни информации. Ќе бидат воспоставени вкупно три видео-врски: една меѓу министрите за внатрешни работи, една која ќе ги поврзува полициските директори, и една меѓу криминалната полиција во двете држави. Дачиќ и Карамарко го пофалија нивото на соработка меѓу нивните полициски служби во борбата против организираниот криминал.

***

Американска конгресна делегација предводена од републиканецот Бил Делахант (Демократ од сојузната држава Масачусец) ја посети Црна Гора на 1-ви септември, при што се состана со претседателот Филип Вујановиќ, премиерот Мило Ѓукановиќ, министерот за надворешни работи, Милан Рочен, и претседателот на парламентот, Ранко Кривокапиќ. Делахант, кој претседава со подкомитетите на Комитетот за надворешни работи на Домот за Европа, рече дека Црна Гора постигна значајни подобрувања на патот кон членството во ЕУ и НАТО.

***

Поврзани написи

Loading

Претставниците на Република Српскa (РС) и Србијa се согласија во неделата (5-ти септември) дека Бања Лука и Белград имаат идентични ставови во врска со повеќето важни политички прашања во регионот. „Од витален интерес за Србија е да соработува со РС“, рече српскиот министер за внатрешни работи во посета, Ивица Дачиќ, повикувајќи на зајакнување на економските врски.

***

Хондурас го призна Косовo како независна држава, станувајќи 70-та држава што го стори тоа. Властите во Приштина го објавија признавањето во петокот (3-ти септември). Во понеделникот премиерот Хашим Тачи рече дека добил потврда од властите во Доха дека Катар ќе ја признае независноста на Косово.

(Разни извори -- 01/09/10-07/09/10)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Регионот и Турција оптимисти за новото водство на ЕУРегионот и Турција оптимисти за новото водство на ЕУ

Официјалните претставници од регионот велат дека неодамнешните кадровски смени во ЕУ ќе имаат позитивно влијание на односите на нивните земји со Брисел.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Дали треба Грција да го промени начинот на кој се справува со нелегалните имигранти?

Да
Не
Не знам