Бизнис: ФИАТ ќе го зголеми производството во Србија

30/07/2010

ФИАТ планира да инвестира една милијарда евра во својата фабрика во Застава. Исто така во бизнис вестите: германска АТКС интернешнал Тирана гради индустриски парк во Албанија и десет милиони луѓе ги посетија одморалиштата во јужниот дел од Турција.
photo

ФИАТ планира да го префрли производството во Србија. [Getty Images]

ФИАТ планира да го префрли производството на два од своите модели во Србијa, поради тензиите со синдикатите во Италија, рече во средата (28-ми јули) генералниот директор Серџо Марчоне. Минатата недела ФИАТ објави дека ќе инвестира 1 милијарда евра во својата фабрика „Застава“ во Србија. Фабриката ќе ги произведува двата модели за европскиот и рускиот пазар во 2012 година.

***

Романијa го претстави својот нов туристички слоган „Истражете ја Карпатската градина“ во четвртокот (29-ти јули) во својот павилјон на Светскиот експо 2010 во Шангај. Министерката за туризам, Елена Удреа, министерот за надворешни работи, Теодор Баконешчи, и други официјални претставници присуствуваа на церемонијата.

***

Околу десет милиони луѓе го посетија јужниот турски туристички град Анталија оваа година, објави во средата (28-ми јули) министерот за култура и туризам, Ертугрул Гунај. Оваа бројка е близу до бројот на туристи кои го посетија Египет во истиот период, рече тој. Турција привлече 27 милиони туристи во 2009 година.

***

Поврзани написи

Loading

Германското претпријатие АТКС Интернешнал Тирана потпиша договор со албанското Mинистерство за економија, трговија и енергија во вторникот (27-ми јули), за изградба на индустриски парк во северниот град Шенѓин. Министерот Дритан Прифти очекува проектот да отвори околу 3.000 нови работни места во регионот. Индустрискиот парк ќе чини 17 милиони евра и ќе биде управуван од германското претпријатие, под договор за концесија.

***

Министрите за транспорт на Хрватскa, Словенија и Србијa се согласија да ја унапредат својата соработка во железничкиот транспорт на состанокот во Љубљана во понеделникот (26-ти јули). Заложбите имаат за цел да им помогнат на трите земји подобро да го искористат коридорот ИКС -- кој ќе ги поврзува Германија и Турција. Железничките претпријатија на трите земји ќе формираат заеднички субјект, со седиште во Љубљана.

(Разни извори -- 23/07/10-30/07/10)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар