28/07/2010
Летниот младински олимписки факел е запален во Античка Олимпија, Грција. Исто така во вестите од културата: Анталија, во Турција беше домаќин на 10-тиот Страничен меѓународен фестивал на културата и уметноста и Призрен, во Косово, се подготви за Докуфест.
![]() Претседателот на Олимпискиот комитет Спирос Капралос (десно) го предава факелот на заменик-претседателот на МОК Нг Сер Мианг во Античка Олимпија. [Getty Images] |
Со церемонијата во античка Олимпија, во Грција, во петокот (23-ти јули) започна долгото патување на олимпискиот пламен пред инаугуративната Летна младинска олимпијада во Сингапур, од 14-ти до 25-ти август. Пламенот ќе патува во пет градови -- Берлин, Дакар, Мексико сити, Окленд и Сеул -- претставуајќи ги петте земји, пред да пристигне на својата финална дестинација. Вкупно 3.500 спортисти, на возраст меѓу 14 и 18 години, ќе се натпреваруваат.
***
Туристичкиот водич за Aлбанијa беше објавен за првпат во Шпанија и претставен во Тирана во саботата (24-ти јули). Заедничкиот проект на Министерството за култура и шпанската амбасада во главниот град содржи информации за историјата на Албанија, географијата и социологијата. Истиот беше подготвен од двајца шпански професори.
***
Српскиот женски одбојкарски тим ја одбрани својата титула од Европската одбојкарска лига откако ја порази Бугаријa со 3:1 во неделата (25-ти јули). Финалниот натпревар беше одигран во Анкара. Tурција освои бронза со победата од 3:0 над Израел. Српскиот машки одбојкарски тим освои бронза откако ја порази Куба со 3:2 на натпреварот од Светската лига во Кордоба, Аргентина.
***
Aнталија, во Tурција, го отвори 10-тиот Страничен меѓународен фестивал на културата и уметноста во саботата (24-ти јули). Фестивалот, кој трае до 29-ти октомври, донесе познати локални и меѓународни уметници на 23-те настани.
***
Педесеттиот трубачки фестивал Гуча ќе се одржи од 13-ти до 22-ри август. Овогодинешниот настан се очекува да привлече стотици илјадници посетители во малиот град во западна Србијa.
***
Призрен, во Косовo, ќе го отвори 9-тото издание од Докуфест на 31-ви јули. На еднонеделниот меѓународен фестивал на документарен и краткометражен филм ќе бидат прикажани 156 филмови од 34 земји.
(Разни извори – 21/07/10-28/07/10)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's