Дипломатски дневник: Хрватска и Израел ќе ги зајакнат врските

27/07/2010

Претседателите на Хрватска и Израел го посетија концентрациониот логор Јасеновац. Исто така во дипломатските вести: српскиот премиер Мирко Цветковиќ бепе во Сараеви и британскиот премиер Дејвид Камерон е во Анкара.
photo

Претседателите на Израел и Хрватска го посетија Јасеновац. [Getty Images]

Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ и неговиот израелски колега Шимон Перес во неделата (25-ти јули) го посетија местото на озлогласениот концентрационен логор Јасеновац, 100 километри југоисточно од Загреб. Десетици илјадници Срби, Евреи и Роми беа убиени таму за време на пронацистичкиот режим во Втората светска војна. Двајцата официјални претставници се согласија дека треба да се извлечат поуки од минатото за никогаш повеќе да не се случат такви злосторства. Тие, исто така, рекоа дека соработката меѓу двете земји треба да се унапреди.

***

Британскиот премиер Давид Камерон допатува во Tурција во понеделникот (26-ти јули) во дводневна посета. Камерон се очекува да се состане со премиерот Реџеп Тајип Ердоган и министерот за надворешни работи, Ахмет Давутоглу. Разговорите ќе се фокусираат на турските аспирации за ЕУ, и ќе се потпише документ за стратешко партнерство.

***

Франција го поддржува процесот на интеграција на Maкедонија во ЕУ, рече во четвртокот (22-ри јули) францускиот државен секретар за европски прашања, Пјер Лелуш, во Скопје, по разговорите со македонскиот министер за европска интеграција, Васко Наумовски. Тој ја охрабри Македонија да продолжи со реформите и да продолжи да бара решение за спорот околу името со Грција. Наумовски го информираше францускиот претставник за реформите што неговата земја ги презема како дел од агендата за ЕУ и му се заблагодари за поддршката на Франција. Лелуш, исто така, оствари разговори со претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Никола Груевски.

***

Поврзани написи

Loading

Српскиот премиер Мирко Цветковиќ му рече на својот колега од Босна и Херцеговинa (БиХ) Никола Шпириќ во Сараево во средата (21-ви јули) дека Србија го почитува територијалниот интегритет на БиХ и дека ќе го поддржи секој договор меѓу двата ентитета во врска со внатрешните работи на земјата. Тие го пофалија нивото на билатералните врски и изразија взаемна поддршка за процесот на интеграција во ЕУ.

***

Малтешкиот претседател Георге Абела ги увери својот црногорски колега Филип Вујановиќ во средата (21-ви јули) за поддршката на неговата земја за кандидатурата на Црна Гора за ЕУ. По разговорите во Цетиње, Абела рече дека Малта е подготвена да го сподели своето искуство во процесот за интеграција во ЕУ и рече дека секоја земја треба да се процени врз основа на своите индивидуални вредности во процесот на пристапување.

(Разни извори -- 20/07/10-27/07/10)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар