Бизнис: Турција предвидува економски растеж

19/03/2010

Турскиот министер за економија предвидува дека БДП ќе се зголеми за повеќе од 3,5 отсто оваа година. Исто така во бизнис вестите: ЕК ја одобри бугарската програма за стабилност, Хрватска планира да инвестира во фабрика за ветрова енергија и Србија потпиша договор со австриска фирма за проект за изградба на мост.
photo

Работник во челичарница го набљудува огромниот сад за топење железо во фабриката за железо и челик Кардемир во северозападна Турција. Владата предвидува стабилен раст на БДП оваа година. [Getty Images]

Tурција ќе забележи раст на БДП од преку 3,5 отсто оваа година, рече министерот за економија Али Бабаџан во средата (17-ти март). Тој потсети дека ММФ предвиде раст на БДП од околу 3,7 отсто за Турција, додека предвидувањата на другите меѓународни финансиски институции се движеа до 4,5 отсто.

***

Европската комисија во средата (17-ти март) објави дека ја одобрила програмата за стабилност и приближување на Бугарија. Според програмата, генералниот владин буџет ќе биде урамнотежен оваа година и ќе донесе мал вишок во периодот 2011-2012 година.

***

Грчката панхеленистичка Федерација на хотелиери ги повика своите членови во средата (17-ти март) да ги намалат своите цени за да привлечат повеќе локални туристи, поради помалото празнично трошење кое се очекува оваа година. Според федерацијата, грчките туристи треба да уживаат исти цени како оние што им се нудат на странските туристи.

***

Хрватското претпријатие за електростопанство Кончар електроиндустрија ќе инвестира 27,6 милиони евра за изградбата на централа на ветрова енергија во близина на Сплит, објави во средата (17-ти март) генералниот директор на претпријатието Даринко Баго. Кончар ќе се состои од еден генератор од 2,5 мегавати и 15 помали генератори од 1 мегават.

***

Косовo и Црна Гора планираат да создадат заеднички групи за борба против даночното затајување и шверцот, според договорот за царинска соработка потпишан во вторникот (16-ти март). Ова е трет договор потпишан од Косовската царина. Другите се со Албанија и Турција.

***

Србијa има добри шанси да се приклучи на СТО во 2011 година, рече во вторникот (16-ти март) српскиот министер за економија Млаѓан Динкиќ. Динкиќ и Терухико Шинада, претставник на Јапонската амбасада во Белград, потпиша протокол за заокружување на преговорите со Јапонија во врска со пристапот на Србија во СТО. Белград поднесе официјална апликација за отпочнување на преговорите за пристапување во декември 2004 година.

***

Поврзани написи

Loading

Српското државно претпријатие за патишта „Путеви Србије“ потпиша договор со австриската фирма „Штрабаг“ во понеделникот (15-ти март) за реконструкција на „Мостот Газела“ во Белград. Реконструкцијата треба да започне за една недела и ќе трае 22 месеци. ЕИБ истакна дека исплатата на уште 23 милиони евра ќе зависи од тоа дали Србија ги исполнува обврските за соодветно сместување на ромската заедница која живееше под мостот.

***

Хрватската влада ќе претстави нови антикризни мерки до крајот на месецов, рече премиерката Јадранка Косор во понеделникот (15-ти март). Планот е фокусиран на претпријатијата кои се соочуваат со долготрајни тешкотии, пријавени пред 1-ви јули 2009 година. Покрај тоа, владата има намера да ги зајакне своите напори против корупцијата и да обезбеди построга контрола над земјоделските субвенции, рече Косор.

(Разни извори -- 12/03/10-19/03/10)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар