Бизнис: Финансиска криза го зафати балканскиот туризам

12/03/2010

Светската криза резултира со помалку туристи на Балканот. Исто така во бизнис вестите: Турција има најголем број милијардери во регионот и италијанско претпријатие планира фабрика за автомобили во Црна Гора.
photo

Tуристи уживаат на главната плажа долж хрватското централно јадранско туристичко место Дубровник. [Getty Images]

Повеќе од 65 отсто од Бугарите, 62 отсто од Романците и 61 отсто од Maкедонците не патуваа за време на годишните одмори минатата година поради недостатокот на пари, според последното истражување на европскиот туризам, објавено од Еуробарометер во средата (10-ти март). Tурција е меѓу државите со најмал процент на патници за приватни и бизнис цели минатата година -- само 37 отсто наспрема просекот на ЕУ од 69 отсто, според извештајот. Хрватскa, пак, се најде на листата држави со најголем процент луѓе кои патувале во сопствени аранжмани.

***

Списанието „Форбс“ вклучи 28 Турци во својата листа на милијардери во 2010 година во средата (10-ти март). Хусну Озејегин, сопственик на ФИБА Холдинг, е најбогат маж во Турција, со околу 3 милијарди американски долари. Џон Фредриксен, државјанин на Кипар со место на живеење во Велика Британија, е исто така на листата со нето вредност од 7,7 милијарди американски долари. Двајцата Грци -- Спириос Лацис со 5,3 милијарди американски долари и Филип Ниархос со 2 милијарди американски долари -- се најдоа исто така на листата. Тројца Романци -- Дину Патрициу со нето вредност од 2,2 милијарди американски долари, Јоан Никулае со 1,1 милијарди американски долари и Јон Тириак со 1 милијарда американски долари -- исто така влегоа во елитниот клуб.

***

Стандард енд пур ги ревидираше рејтинг изгледите на Романија од негативни на стабилни, според официјалното соопштение од вторникот (9-ти март). Рецесијата влијаеше на економската стабилност во 2009 година, но програмата поддржана од ММФ, заедно со ЕУ и другата помош, помогнаа во намалувањето на последиците од кризата, објави СиП.

***

Босна и Херцеговинa ја одобри изградбата на две термоцентрали и една хидроцентрала, објави владата во вторникот (9-ти март). Властите сега бараат партнери за помош во финансирањето на проектите.

***

Латвискиот национален превозник ерБалтин отвори директна линија меѓу Белград и Рига на 5-ти март, објавија транспортните власти во Белград. Претпријатието ќе има летови четири дена во неделата.

***

Италијанското претпријатие за спортски автомобили Ламборџини планира да отвори фабрика за електрични автомобили во Црна Гора, изјави директорот на претпријатието „Тонино Ламборџини“ за подгоричкиот весник Побједа во понеделникот (8-ми март). Претпријатието не ја избра локацијата за фабриката, но планира првично производство од 1.000 автомобили годишно, пред да го прошири производството, соопшти Ламборџини.

***

Република Српскa ќе се приклучи на гасоводот Јужен тек, рече премиерот Милорад Додик, на 5-ти март, откако се врати од Москва каде што се состана со официјални претставници на рускиот енергетски гигант Гаспром. Проектот Јужен тек ќе пренесува природен гас од Русија за Централна Европа, преку Црното Море и Бугаријa.

***

Агенцијата за кредитен рејтинг Мудис инвесторс срвис даде негативен кредитен рејтинг за бугарскиот банкарски систем во својот извештај од 8-ми март. Минатогодишното забавување во секторот на недвижности, го погоди банкарскиот сектор, рече аналитичарката Елена Панајоту, додавајќи дека очекува профитабилноста и квалитетот на капиталот да продолжат да трпат во текот на следните 12 до 18 месеци.

***

Поврзани написи

Loading

Четири меѓународни конзорциуми ќе се натпреваруваат за изградбата на хидроцентралата „Ново Косово“ со капацитет од 500 мегавати, објавија косовските власти на 5-ти март. Фирмите беа идентификувани како „Адани пауер/ПТ Адани Глобал од Индија и Индонезија; АЕС Електрик лид/Демир експорт А.С. од Соединетите Држави и Tурција; Парк холдинг од Турција, и конзорциумот ППЦ/Контур глобал ЛЛП од Грција и Велика Британија. Изградбата е планирано да започне во 2011 година и се очекува да чини околу 1 милијарда евра. Избраната фирма ќе биде кофинансирана од косовската влада.

***

Aлбанската влада на 5-ти март го финализираше договорот за заем со Европската банка за реконструкција и развој, за подобрување на регионалните и руралните патишта. Заемот од 50 милиони евра е дел од долгорочниот проект со цел поправање на околу 1.500 километри патишта.

(Разни извори – 05/03/10-12/03/10)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар