10/03/2010
Сараево прикажува филмови од целиот свет, како домаќин на големиот филмски настан. Исто така во вестите од културата и спортот: бугарскиот поет Љубомир Левчев награден во Македонија, и Арманд Дука е реизбран за претседател на Фудбалскиот сојуз на Албанија.
![]() Еко филмскиот фестивал во Сараево. [Getty Images] |
Меѓународниот Еко филмски фестивал беше затворен во неделата (7-ми март) во Сараево. Петдневниот настан вклучи 20 документарни и играни филмови од Босна и Херцеговинa, Канада, Египет, Велика Британија, Франција, САД, Шпанија, Иран и Швајцарија.
***
Бугарскиот поет Љубомир Левчев е добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата за 2010 година, објави жирито во петокот (5-ти март). Седумдесетипетгодишниот пистаел е првиот бугарски поет што ја добива оваа престижна македонска награда. Церемонијата на доделување награди ќе се одржи за време на фестивалот во август.
***
Шефови од целиот свет ќе се соберат во истанбулскиот Изложбен и конгресен центар ТУЈАП од 18-ти до 21-ви март, на 8-миот Меѓународен фестивал на гастрономијата. Настанот, кој се смета за еден од главните десет фестивали во кулинарскиот свет ќе вклучува учесници од Албанијa, Бугарија, Хрватска, Грција, Кипар, Црна Гора, Романија, Србија и другите држави.
***
Кипарскиот министер за образование Андреас Деметриу и неговата австриска колешка Клаудија Шмиед потпишаа договор во Никозија за зајакнување на билатералната соработка во културата и уметностите на 3-ти март. Иницијативата е дел од напорите на кипарската влада за проширување на билатералните врски низ целиот свет, особено со членките на ЕУ.
***
Косовското Mинистерство за култура, млади и спорт додели финансиска поддршка за 123 културни и уметнички проекти, објави Министерството во петокот (5-ти март). Проектите имаат за цел исполнување на европските и светските стандарди, како и промовирање на локалните културни вредности. Вкупната вредност на поддршката е 5 милиони евра.
***
Српскиот ромски пистаел Рајко Ѓуриќ ќе ја добие европската награда на мадридскиот Институт за ромска култура за неговиот придонес во ромската литература и култура, објави телевизијата РТС во неделата (7-ми март). Тој ќе ја добие наградата на 8-ми април, Меѓународниот ден на Ромите во Кордоба, Шпанија.
***
Арманд Дука беше реизбран за водач на албанскиот Фудбалски сојуз во вторникот (9-ти март), победувајќи ги другите двајца кандидати. Ова е трет мандат за Дука. Тој вети дека ќе работи на подобрување на квалитетот на локалната лига и привлекување повеќе млади луѓе во спортот.
***
Риека, во Хрватскa, е домаќин на 11-тиот Европски шампионат во шах за мажи и жени од петок (5-ти март) до 19-ти март. Неколку стотици учесници се натпреваруваат за првата награда од 150.000 евра во категоријата за мажи и наградата од 75.000 евра во категоријата за жени.
(Разни извори -- 03/03/10-10/03/10)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's