Наука и технологија: Фејсбук се користи за изучување на литературата во Србија

08/02/2010

Популарната онлајн социјална мрежа се тестира за образовни цели во Србија. Исто така во вестите од науката: конференција за образовна обука се одржа во БиХ, и Тетово, во Македонија, доби „Вудроу Вилсон колеџ“.
photo

Ученички пилот-проект во Србија користи Фејсбук за предавања на српска поезија. [Getty Images]

Српскиот министер за телекомуникации и информатичко општество Јасна Матиќ го претстави проектот кој користи Фејсбук за образовни цели, во седиштето на УНЕСКО во Париз на 1-ви февруари. Пилот-проектот беше спроведен за часовите по српска литература во белградско средно училиште. Учениците беа поканети да создадат социјални мрежни профили на српските поети од периодот на романтизмот. Српското Министерство за образование го поддржа проектот.

***

Повеќе од 50 експерти од Босна и Херцеговинa (БиХ) и регионот учествуваа на дводневната конференција во организација на Европската фондација за обука и Агенцијата за предшколско, основно и средно образование на БиХ во четвртокот (4-ти февруари) и петокот во Бања Лука. Учесниците разговараа за образовните реформи.

***

Изградбата на „Вудроу Вилсон колеџ“ во Teтовo, Maкедонијa започнаа на 29-ти јануари. Образовната институција ќе понуди предшколско, основно и средно образование на англиски јазик.

***

Српското списание ПЦ-Прес ја избра веб-страницата на јавната телевизија РТС -- www.rts.rs -- за најдобра веб-страница за вести и информации во државата, објави РТС на 1-ви февруари. Б92 се рангираше на второто место во категоријата, по што следеше весникот Блиц.

***

Најголемиот мобилен телефон во светот -- Моду -- ќе биде лансиран во Романијa овој месец, како дел од европската премиера, објави неговиот дистрибутер. Моду, кој тежи повеќе од 43 килограми, беше измислен од Дов Моран, исто така автор на УСБ флеш-сториџ мемориската направа. Телефонот ќе биде лансиран во партнерство со Водафон.

***

Поврзани написи

Loading

Новата Кипарска англиска говорна унија (ЕСУ) ќе учествува на Светскиот шампионат на училишни дебати во Доха, Катар, од понеделник (8-ми февруари) до 18-ти февруари). Пет средношколци беа избрани во декември да учествуваат во тимот на ЕСУ.

***

Во Косовo има повеќе од 400.000 регистрирани интернет конекции, објави во средата (3-ти февруари) јавното претпријатие за телекомуникации ПТК и приватниот мобилен оператор ИПКО. Според официјалните претставници, интернет конекциите во земјата пораснале за 6 отсто минатата година.

(Разни извори – 01/02/10-08/02/10)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар