05/02/2010
Албанците потрошиле двапати повеќе на патување во 2009 година отколку претходната година. Исто така во бизнис вестите: словенечкото претпријатие „Горење“ го префрла производството на апарати во Србија, додека романската Централна банка ја намали стапката на монетарната политика.
![]() Албанците на одмори потрошија многу повеќе минатата година отколку во 2008 година. [Getty Images] |
Aлбанците потрошиле 453 милиони евра на туризмот од јули до септември минатата година, или 54 отсто повеќе во споредба до 2008 година, објави во вторникот (2-ри февруари) Банката на Албанија. Бројките се резултат на зголемениот број туристи што патуваат во странство.
***
На крајот од март, словенечкиот производител на апарати за домаќинство Горење ќе започне со производство на фрижидери и замрзнувачи во својата фабрика во Ваљево, Србијa, според извештаите на медиумите во вторникот (2-ри февруари). Српската фабрика е отворена во 2006 година.
***
Хрватската влада ќе распише тендер до 15-ти февруари за приватизација на пет бродоградилишта. Државата ќе понуди мнозински акции во Бродотрогир (95,24 отсто), Краљевица (99,54 отсто), 3 Мај (83,82 отсто) и Бродограѓевна индустрија Сплит (99,78 отсто), со почетна цена од 1 куна.
***
Ирското претпријатие за недвижен имот „Вест инкорпорејтед“ ја купи Телефонската палата во Софијa за 22,5 милиони евра, објавија локалните медиуми во петокот (1-ви февруари). Зградата беше сопственост на Виваком, поранешно државно претпријатие за телекомуникации. Во 2009 година Виваком стави повеќе од 100 свои имоти на пазарот за чистење на долгот.
***
Романската Централна банка (БНР) во средата (3-ти февруари) ја намали стапката на монетарната политика за 0,5 отсто, на 7 отсто, според официјалната изјава. Намалувањето беше очекувано и беше второ оваа година. БНР ја скрати стапката за 0,5 отсто на почетокот од јануари.
***
Руските ветеринарни власти ја укинаа петгодишната забрана за турската живина, почнувајќи од понеделникот (1-ви февруари). Одлуката беше донесена поради „стабилизацијата на ситуацијата со птичјиот грип во Турција“. Забраната за увоз на живи кокошки, јајца и храна за кокошки останува.
***
Околу 10 милиони евра за буџетот на Maкедонија за 2010 година ќе се инвестираат во програмата за рурален развој на земјата, објави во саботата (30-ти јануари) Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Парите ќе бидат искористени за подобрување на конкурентноста, модернизација на малите фирми, зајакнување на руралната инфраструктура и промовирање на руралниот туризам. Апликациите за финансирањето на активностите од програмата ќе бидат примани до крајот на февруари.
(Разни извори – 29/01/10-05/02/10)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's