Култура и спорт: Бугарија е домаќин на фестивалот Маскембалски игри

03/02/2010

Најголемиот маскембалски фестивал на Балканот се одржа во Бугарија. Исто така во вестите од културата: Мајлинда Келменди освои сребро на Светскиот куп во џудо и српски филм ќе го отвори Меѓународниот филмски фестивал за човекови права во Шпанија.
photo

Учесници од 11 држави присуствуваа на Меѓународниот фестивал на маскембалски игри во Бугарија. [Getty Images]

Повеќе од 6.000 луѓе од 11 држави учествуваа на 19-тиот Меѓународен филмски фестивал на маскембалски игри во Перник, Бугаријa, од петокот (29-ти јануари) до недела. Најголем од ваков вид на Балканот, фестивалот вклучува разновидни настапи на повеќе од 115 групи, тркалезна маса за маскембалските фестивали и карневали, како и демонстрации од страна на занаетчии.

***

Косовската државјанка Мајлинда Келменди -- која се натпреварува за Aлбанијa -- освои сребрен медал на Светскиот куп во џудо за жени, во категоријата за 52 килограми, кој се одржа во Софија, Бугаријa во неделата (31-ви јануари). Келменди ќе учествува на Олимпијадата 2012 во Лондон.

***

Aлбанска државна комисија задолжена за организирање на изградбата на меморијален споменик по повод одбележувањето на 100-тата годишнина од раѓањето на Мајка Тереза, беше формирана во петокот (29-ти јануари). Заменик-министерот за култура, Николе Леси, ја води комисијата. Локацијата на споменикот сé уште не е одредена.

***

Поврзани написи

Loading

Филмот „Меден месец“ на српскиот режисер Горан Паскаљевиќ, ќе го отвори Меѓународниот филмски фестивал за човекови права во Сан Себастијан, Шпанија, овој април. Паскаљевиќ ќе добие специјална награда за своите филмови. „Меден месец“ е албанско-српска копродукција.

***

Виртуелен музеј на прекинати врски е во тек во трговскиот центар Истиние парк во Истанбул, од понеделник (1-ви февруари) до 14-ти февруари. Идејата дојде од двајца хрватски уметници, Олинка Вистица и Држаен Грубишиќ, Истиот опфаќа учества од Загреб, Љубљана, Марибор, Сараево, Скопје, Пула и Белград. Проектот е отворен за нови фото-учества.

(Разни извори – 27/02/10-03/02/10)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар